Македонија

Касами бара подобро позиционирање на БЕСА во Владата

Не можам да кажам дека сме целосно задоволни, вели лидерот на БЕСА

 

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ, Билал Касами, изјави за ТВ21 дека днеска ќе свика Централно собрание на партијата , за да се одлучи за кадровските прашања и позиционирањето на партијата во владата.

Тој оцени дека капацитетот на Движењето БЕСА во ВРЕДИ и во владата е многу поголем од она што досега го покажале.

„Не можам да кажам дека сме целосно задоволни, бидејќи секогаш е потребна поголема посветеност од сите ресори што ги водиме. Направивме неколку анализи за силните и слабите страни на Движењето Беса во ВРЕДИ и како дел од ВРЕДИ во владата.

Свикавме состанок на Централното собрание за да ги разгледаме овие прашања и да ја процениме нашата позиција во владата и да донесеме одлука за нашето понатамошно дејствување..

Верувам дека таму сите функционери ќе известат за тоа каков е резултатот од нивното управување и нивното управување со институциите, а како главно тело на Движењето БЕСА помеѓу двата конгреса ќе заземеме и ставови за тоа колку сме задоволни и дали можеше да биде подобро“, рече Касами.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top