Македонија

Касами: ДУИ се фокусира на етнички и националистички теми

Градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами, во изјава за медиумите повика на фокусирање на локалните теми пред претстојните локални избори.

Градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами, во изјава за медиумите повика на фокусирање на локалните теми пред претстојните локални избори, критикувајќи ја реториката на ДУИ за подигање меѓуетнички тензии. „Има тенденции на овие извори да се навлезе во реториката на ДУИ за да се покренат теми кои се од меѓуетничкиот дискурс. Повикувам сите експоненти да се вратат на локалните избори, да се вратат на локалните теми, се работи за проблеми кои се од реалниот живот на граѓаните. На локалните избори треба да понудиме решенија и реализација на проекти кои ги решаваат проблемите на сите граѓани“, изјави Касами.

Тој нагласи дека како градоначалник се залага за инвестиции во сите населби во Тетово, без дискриминација, и смета дека токму поради ова е цел на напади. „Затоа, имајќи предвид дека ја имам поддршката на сите граѓани без разлика, ДУИ се фаќа на етнички, националистички теми и тоа се гледа дека е тенденција на овие избори. Затоа ги повикуваме да се вратат на локалните теми, да понудат програма и решавање на реалните проблеми на граѓаните во Тетово, а кога ќе дојдат парламентарните избори, тогаш ќе зборуваме за национални теми“, додаде тој.

На новинарско прашање за аферата со прислушкувањето, Касами откри дека додека Движењето Беса било во опозиција, имале индиции дека и тие биле мета на прислушкување. „Имаше чувство дека некој нè следи затоа што во некои моменти излегуваа информации кои не беа дел од јавноста. Повикуваме сите институции да делуваат во овој случај, без разлика за кој станува збор, затоа што ако до вчера се прислушуваа експоненти на опозицијата, тоа може да им се случи денеска исто така на експонентите кои до вчера беа дел од власта. Институциите треба да делуваат за да се запре еднаш засекогаш оваа состојба“, изјави Касами, нагласувајќи ја потребата од итно расчистување на скандалот и спречување на идни злоупотреби.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top