Македонија Хроника

Касами за пожарот во модуларната: Судиите да не ја камуфлираат вистината

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово, рече дека судиите треба да дејствуваат независно, а не политички, пишува Телеграфи Македонија. Тој апелираше до судиите и обвинителите да ја третираат суштината на проблемот со модуларната болница, а не да го камуфлираат, „како што се случи со другите случаи, ‘Беса […]

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово, рече дека судиите треба да дејствуваат независно, а не политички, пишува Телеграфи Македонија.

Тој апелираше до судиите и обвинителите да ја третираат суштината на проблемот со модуларната болница, а не да го камуфлираат, „како што се случи со другите случаи, ‘Беса Транс’ и ‘Дурмо Турс’, каде суштината беше да се прикрие вистината“, изјави Касами денес за медиумите.

Касами нагласи дека со доаѓањето на оваа влада, има континуиран обид за реформирање на судскиот систем и на Советот на обвинители, бидејќи тие се на врвот на правосудниот систем.

Најнови вести од: Македонија Хроника

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top