Македонија

Кaтаклизма: Рекорно високи температури и суша во наредните 5 години

Глобалните температури во следните пет години ќе достигнат рекордни или речиси рекордни нивоа, создавајќи услови за уште посмртоносни временски екстреми, се вели во годишниот извештај на двете водечки светски метеоролошки агенции, пишува Си-ен-ен. Според извештајот објавен во средата од страна на Светската метеоролошка организација (СМО) и Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство, има 70 отсто шанси […]

Глобалните температури во следните пет години ќе достигнат рекордни или речиси рекордни нивоа, создавајќи услови за уште посмртоносни временски екстреми, се вели во годишниот извештај на двете водечки светски метеоролошки агенции, пишува Си-ен-ен.

Според извештајот објавен во средата од страна на Светската метеоролошка организација (СМО) и Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство, има 70 отсто шанси глобалното загревање во следните пет години да надмине 1,5 Целзиусов степен, пишува Си-ен-ен.

Тоа го зголемува ризикот од посериозни последици, вклучително и активирање на таканаречените „пресвртни точки“ во климатскиот систем. Научниците предупредуваат дека топењето на морскиот мраз и на глечерите наскоро би можело да достигне точка од која нема враќање, со драматични последици за зголемувањето на нивото на морето.

Исто така, постои 80 отсто шанса дека најмалку една година во следните пет ќе биде најжешката досега, се вели во извештајот.

Исто така, за прв пат се споменува, иако како мала можност, дека една од тие години би можела да има просечна температура за најмалку два степени повисока во споредба со ерата пред луѓето да почнат да согоруваат фосилни горива, кои ја загреваат планетата.

Во извештајот се вели дека Арктикот се очекува да продолжи да се загрева многу побрзо од остатокот од светот – повеќе од 3,5 пати побрзо во текот на поларната зима.

Покрај топењето на мразот и зголемувањето на нивото на морето, секој дополнителен степен на загревање значи почести и поинтензивни временски екстреми, како што се топлински бранови и обилни врнежи.

Минатата година беше најтоплата досега и прва /календарска година што ја надмина границата од 1,5 степен утврдена со Парискиот договор, пренесеува МКД,К

Најнови вести од: Македонија

ЦУК: Крушево со заматена вода за пиење по поројните дождови, службите интервенираат низ Македонија

Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и се препорачува превривање најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде претходно имало излевање. Екипи од ЈП „Комуна“, ТППЕ Крушево, ЕЛС Крушево и надлежните служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

Водачот на најбројната бунтовничка група во Колумбија ФАРК повика на „обединување за борба против американска интервенција“

Водачот на најбројната бунтовничка група на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC), Нестор Грегорио Вера, во видео порака, повика на обединување на сите герилци во оваа латиноамериканска земја со цел „борба против американската интервенција“. „Сенката на интервенционистичкиот орел се надвива подеднакво над сите. Судбината нè повикува да се обединиме. Ние не сме раштркани сили, ние сме следбеници на истата цел. Да го покажеме нашето единство со дела и да создадеме голем блок со кој ќе го истиснеме непријателот од нашата татковина“, им порача Грегорио Вера на членовите на Националната ослободителна армија (ELN) и Боливарската герилска армија, групи кои се отцепија од FARC.

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд, за да ги спречиме Русија и Кина да го земат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да го „поседуваат“ Гренланд за да ги спречат Русија и Кина да го преземат, велејќи дека тоа ќе се направи „на лесен или на тежок начин“. Острата изјава доаѓа по неодамнешните сигнали од Белата куќа дека администрацијата размислува да ја купи полусамостојната територија од Данска, но не ја исклучува опцијата за присилна анексија, пишува Би-Би-Си.

Денес гласаат болните и изнемоштените лица пред утрешните избори за градоначалник во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) посочуваат дека се е подготвено за повторените избори.

Најнови вести

To top