Преку зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, ќе промовира циркуларна економија и гради екотуристичка понуда, која ќе ги поврзува винарниците, културните знаменитости и стопанствата. Ова го истакна денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на работилница во Кавадарци.
- „Денес во Кавадарци се одржува значаен настан посветен на идниот развој на нашата општина. Работилница за стратегија за еко-туризам на општина Кавадарци, на која покрај градоначалникот Митко Јанчев учествуваат и Армен Григоријан постојан претставник на УНДП во Македонија и Севак Ховханисјан лидер на тимот на Цивита“, вели градоначалникот Митко Јанчев.
Преку Фондот за градски експерименти и процесот на зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе прави чекор напред кон претворање на винскиот отпад во нови производи, развој на циркуларна економија и градење современа еко-туристичка понуда која ги поврзува винариите, културните знаменитости и локалните стопанства.
- Иако веќе препознаено како винска туристичка дестинација, денес ја презентираме финалната верзија на Стратегијата за развој на туризмот – документ изработен низ инклузивен процес со работилници, консултации и активна вклученост на заедницата и приватниот сектор.Оваа стратегија ќе овозможи нови работни места, збогатување на туристичката понуда и продолжување на престојот на посетителите. Продолжуваме заедно да го градиме Кавадарци како зелена, одржлива и иновативна дестинација“, вели градоначалникот Митко Јанчев.