Македонија

Казна од 50 евра за фрлање ѓубре по 22 часот ноќе

Од 22 до 6 часот ќе важи целосна забрана за изнесување смет, а прекршителите ќе плаќаат 50 евра. Градот верува дека мерката ќе ја намали нечистотијата околу контејнерите.

Советот на Град Скопје ја усвои одлуката со која се воведува ноќна забрана за фрлање смет во контејнерите. Од 22 до 6 часот граѓаните повеќе нема да смеат да изнесуваат отпад, а прекршителите ќе плаќаат казна од 50 евра. Од градските власти велат дека оваа мерка ќе помогне контејнерите да се празнат поефикасно и ќе спречи создавање нови депонии, особено во квартовите каде отпадот често се натрупува околу корпите.

Граѓаните главно реагираат дека ѓубре се фрла и надвор од контејнерите, особено душеци, стакла, мебел. Градот верува дека мерката ќе ја намали нечистотијата околу контејнерите. Првите неколку месеци ќе важат само опомени.

  • „Ако се погледне компаративно, во сите поголеми градови времето за фрлање на смет е лимитирано. Ако по 22 часот се полнат садовите нормално е дека цела вечер и целиот нареден ден корпите за отпад ќе бидат полни, бидејќи не се празнат преку целиот ден. Не може кога постои голема гужва во градот да се чисти и да се собира смет,“ велат од Град Скопје.

Од Градот објаснуваат дека оваа мерка им дава правена основа на инспекторите да санкционираат физички и правни лица што нема да го почитуваат терминот за одлагање отпад.

Претседателот на Советот, Даме Димитровски, објасни дека мерката се носи по примерите од големи светски метрополи.

  • Ваквата практика јас сум ја сретнал во Истанбул и беше ограничена на 15 минути пред 5 часот кога смеете да фрлите ѓубре. Во Токио, исто така, има точно определено време за секој камион и вид отпад. Се надевам дека оваа практика ќе биде уште подобра кога ќе бидат воведени и различни корпи за селекција – изјави Димитровски.

Градот најавува дека воведувањето селективни корпи ќе биде следната фаза од реформите во управувањето со отпадот.

Најнови вести од: Македонија

Во струмичка Сушица верниците го бараат со лопати фрлениот крст, кој се изгуби!

Во струмичкото село Сушица, православните христијански верниците денеска со лопати го бараа Чесниот крст, кој најверојатно пропаднал во земјата по традиционалното фрлање во реката.

Напорите на Теодосиј Гологанов како Митрополит Скопски од 19.1.1885 да ја возобнови Охридската архиепископија како Мајка-Црква на Македонците

 На денешен ден, на 19 јануари 1885 година еден од најголемите борци за возобновувањето на укинатата древна Охридска архиепископија Теодосиј Гологанов бил поставен од бугарскиот црковен егзарх како Митрополит Скопски. Со тоа Гологанов конечно добил можност во невозможни услови да работи на својата цел – возобновувањето на Охридската Архиепископија, незаконски укината со указ на турскиот султан на 16 јануари 1767 година, издејствуван од грчките владици од Цариградската патријаршија.

Мицкоски: Водици носи силна порака за верата… да се оди по вистинскиот пат

Во овие моменти луѓето се собираат, се поддржуваат и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што нè надминуваат сите нас поединечно

To top