Македонија

Казните од „Safe City“ официјално се одложуваат до 1 февруари

Покрај Скопје, Куманово и Тетово, системот ќе биде во функција и на Коридорите 8 и 10

Казнувањето на сообраќајните прекршоци преку системот „Безбеден град“ ќе започне од 1 февруари, еден месец подоцна од претходно најавениот датум – 1 јануари. Веста ја потврди за ТВ21 помошник- заменик-министерот во МВР, Мухамет Исмаили, кој информираше дека покрај Скопје, Куманово и Тетово, системот ќе биде во функција и на Коридорите 8 и 10. Според надлежните институции, ова пролонгирање доаѓа поради потребата од дополнителни технички проверки и усогласување на правните процедури.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се разгледува можноста за одредена толеранција во однос на брзината.

„Треба да ги почитуваме ограничувањата на брзината, 50 км/ч за урбани подрачја значи 50 км/ч за урбани подрачја. Секако дека и ние ќе внимаваме, исто како што прават и сите европски градови каде што имаат свои одредени параметри за толеранција – таква толеранција ќе има и кај нас“, изјави Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје.

Системот „Безбеден град“ ќе функционира со фиксни камери кои ќе регистрираат сообраќајни прекршоци како пречекорување на брзината, минување на црвено светло, нерегистрирани возила, а ќе биде дополнет и со специјализирани полициски возила кои ќе детектираат неправилно паркирање и други прекршоци. Целта на овој систем е до 2030 година да се намали и преполови бројот на сообраќајни несреќи – пренесе ТВ21.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top