Македонија

Ќе биде разрешена одговорната уредничка иако била на боледување!?

Со емитување на спорната песна за „Голема Албанија“,  се шири меѓуетничка омраза и се искажуваат територијални аспирации кон Македонија и други соседни земји

 

„Програмскиот совет на МРТ заклучи дека со емитувањето на содржината на МРТВ2, е констатирано прекршување на посебните забрани од член 48 од Закон за АВМУ. Програмскиот совет го задолжува директорот на МРТ согласно законските надлежности да преземе соодветни активности и мерки за утврдување на одговорноста во врска со констатираното прекршување“, се вели во заклучокот на Програмскиот совет на МРТВ.

Срам за МРТ на албански јазик: „Голема Албанија“ се промовира на детски фестивал преку македонски пари!

Директорот на МРТ Марјан Цветковски засега не соопштува кои ќе бидат неговите следни чекори. На прашање на новинари тој одговорил дека постапката е во тек, но штом ќе заврши, тој ќе ја извести јавноста за нејзиниот исход.

Според неофицијални извори со кои разговарал „Фокус“ најверојатно ќе биде разрешена од функцијата одговорната уредничка на МТВ2 Мерита Гаши, иако таа била на боледување во моментот кога содржината е емитувана. Сепак, не е познато дали таа ја правела програмската шема и дали истата ја одобрила, пренесува „Плусинфо“.

„Постапката треба да покаже кај кого е одговорноста и тој да ги сноси последиците, но истовремено укажавме и дека е потребно да се зајакнат механизмите за надзор на сѐ што се емитува преку етерот на МРТ за во иднина да не се случуваат вакви и какви било прекршувања“,  изјавил за „Фокус“ претседателот на Програмскиот совет Давор Пашоски.

Скандалозната песна за „Голема Албанија“ беше емитувана во саботата на 28.03 на програмата на МТВ 2 и предизвика бурни реакции во јавноста.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top