Македонија

Ке дојде ли крај на тротинетската анархија во Скопје? Тротинети „шишаат“ по Партизанска (ВИДЕО)

Во моментов, во Македонија сè уште недостасува цврста регулатива за користење на електрични тротинети, што доведува до вакви хаотични ситуации.

Видео што брзо се шири на социјалните мрежи покажува возач на електричен тротинет како се движи со значителна брзина по средната лента на булеварот Партизански Одреди во главниот град. Сцената предизвика лавина реакции меѓу граѓаните, кои ја оценуваат постапката како крајно неодговорна и потенцијално опасна по живот.

На снимката се гледа како тротинетот, кој обично е наменет за пешачки патеки или посебни ленти, се движи во текот на сообраќајот на една од најпрометните скопски сообраќајници. Возачот ја користи средната лента наместо да се придржува до дозволените места за такви возила, со што директно ги загрозува и себе си и другите учесници во сообраќајот.

Во последниве години, со зголемувањето на електричните тротинети во урбаните средини, се зголемува и бројот на сообраќајни прекршоци и инциденти. Експертите за безбедност на патот потсетуваат дека тротинетите не се наменети за движење по коловозните ленти предвидени за автомобили, туку за посебни патеки или тротоари, каде што брзината е ограничена.

Во моментов, во Македонија сè уште недостасува цврста регулатива за користење на електрични тротинети, што доведува до вакви хаотични ситуации. Полицијата ретко интервенира во вакви случаи, а граѓаните се прашуваат зошто се дозволува толкува слобода на патот, додека другите прекршоци се казнуваат построго.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top