Македонија

Ќе го уриваат ВМРО-ДПМНЕ од власт, ама прво да го решат Филипче

Игор Ивановски, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Никола Ќуркчиев, Славјанка Петровска и Емилијан Станковиќ во наредните денови ќе разговараат со претседателот Венко Филипче, од кого очекуваат да си замине од функцијата

Ние не сме и нема да бидеме нова политичка партија. Нема да правиме ниту независни листи за парламентарните избори. Целта ни е да помогнеме во окрупнување на опозицијата и враќање на довербата кај граѓаните разочарани по неуспехот на ветувањата дадени во 2016-2017 година. Ова денеска на брифинг го порачаа претставниците на демократската платформа сочинета од актуелни и поранешни функционери на СДСМ, пренесе порталот 360.

„Не сме и нема да бидеме нова политичка партија, нема да бидеме ни ЗНАМ, ни НСДП. Не, нема да правиме ниту независни листи за парламентарните избори. Целта ни е да помогнеме, да ги обединиме сите во една граѓанска, мултиетничка платформа и промени на ова раководство на СДСМ. Крајна цел е победа на оваа власт. СДСМ се бореше против заробена држава, а стана заробена партија“, рече Игор Ивановски, дел од демократската платформа.

Тој заедно со Гордан Георгиев, Андреј Петров, Славјанка Петровска, Никола Ќуркчиев и Емилијан Станковиќ, како претставници на демократската платформа, порачаа дека кај граѓаните постои опозициско расположение, а дека целта на платформата е да се почне со разговори за окрупнување на опозицискиот фронт – со крајна цел победа над актуелната власт, чиј висок рејтинг, како што оценија, не е резултат на нејзините досегашни постигнувања, туку на слабата опозиција.

Тој повтори дека поентата на ваквата платформа е да има почеток на разговори за окрупнување на опозицискиот фронт за секој граѓанин, организација, партија и СДСМ, но, како што рече, не СДСМ со ова раководство.

„Правиме разлика меѓу раковдството на СДСМ и СДСМ. СДСМ се бореше против заробена држава, а стана заробена партија“, додава Ивановски.

Ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, рече дека јавното појавување на демократската платформа започнало откако тие две години наназад имале внатрепартиски разговори, вклучително и со лидерот Венко Филипче, кои завршувале без конкретни промени во партијата.

„Подолг период зборував одвнатре во партијата, имав неколку разговори со претседателот на партијата и тие разговори или завршуваа со одмолчување или со потврдување, а потоа неспроведување на договореното. Затоа, по две години решивме медиумски да се појавиме. Имав непристојни понуди од раководството да бидам дел од него за сметка на тоа да туркам работи под маса. Јас не се согласив“, рече Петровска, оценувајќи дека луѓето кои се дел од оваа платформа се решението, а не проблемот на СДСМ.

Емилијан Станковиќ и Андреј Петров, оценија дека Венко Филипче е целосно некомпетентен да биде лидер на партијата и дека нема право да зборува оти не бил информиран за дејствувањето на платформата – пренесе 360.

Следната рунда разговори на демократската платформа ќе се одржи в сабота во 12:05 часот.

Целиот текст на следниот линк:

Целта ни е обединување на опозицискиот фронт и пораз на оваа власт – велат од Платформата

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top