Македонија

“Ќе ми дадеш пари ќе се чинам Бугарин” – Досега непознати факти за поетот Венко Марковски

Како за официјална Софија македонецот Венко одеднаш станал голем Бугарин

Партијата на Македонците во Бугарија објавува напис од 📰 број 32, од весникот “Работническо Дело” од 24 октомври 1944 година кој всушност е
краток осврт за книгата “На Исток” од Венко Марковски.

Писателот кој во комунизмот пребега во Бугарија и стана Бугарин од страна на бугарските државни медиуми преходно бил јасно третиран како Македонец.

Во документот на официјалниот државен орган на Бугарија се вели дека Венко Марковски е македонски поет кој пишува на македонски јазик и е борец за слободна и независна Македонија.

,,Додека Венко беше слободен и неоптоварен од странски пропаганди, пишуваше на Македонски јазик, твореше и мечтаеше за слободна и независна Македонија на Македонскиот народ.

После Голи Оток и примената на бугарската вековна тактика “ќе ми дадеш пари ќе се чинам Бугарин”, со неговото сместување во Бугарија, позиционирање во бугарските кругови, тој се менува и се модификува по потребите на бугарската политика кон македонското прашање.

Но, историјата, документите и неговата борба остануваат силно сведоштво за македонската историја.

🤔 Човек да се запраша дали сеуште е 1943 или сепак сме 2025 година.
Година во која Бугарија е членка на ЕУ и “ги почитува човековите права на самоопределување” и “не негира ниту една друга нација, нејзиниот јазик и култура”???”, пишува ОМО Илинден Пирин во објавата за документот од кој се гледа како за официјална Софија македонецот Венко Марковски одеднаш станал голем Бугарин.

Најнови вести од: Македонија

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

„Еволуција или револуција во војувањето? Од Заливската војна до Украина…“

Настанот ќе се одржи денеска во Порта Македонија со почеток во 10:30 часот, а во фокусот ќе бидат промените во современото војување, влијанието на новите технологии врз воените операции и предизвиците со кои се соочуваат вооружените сили и системите за колективна одбрана

To top