Македонија

Ќе се промовира ли Македонија како рударска нација?!

Македонија треба да се промовира како лидер во овој дел на Европа во полето на рударството и истражувањето на минералите, а македонските претпријатија треба да работат во многу ефикасни кластери во партнерство со универзитети и истражувачки институти.

Турција се стреми да биде еден од петте најголеми производители во светот на ретки земјени елементи и е на пат да отвори десетици рудници. Овие минерали се неопходни во голем број индустрии, а засега примат во производството има Кина. Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, направени се геолошки истражувања на повеќе од 310 локации и се откриени најмалку 10 од ретките елементи. Освен ископ, Ердоган најави и центар за преработка на рудата со капацитет од околу 1.200 тони годишно.

  • За да го претвориме овој пилот-центар во заокружена индустрија, Турција ќе продолжи да развива технологии за прочистување на рудата – истакна турскиот претседател.

Министерот за енергетика Алпарслан Бајрактар истакна дека во регионот Бејликдузу се идентификувани 694 милиони тони на резерви од овие вредни ресурси, кои се клучни за производство на електрични возила, батерии и високотехнолошка опрема.

  • Критиките за „претворање на целата земја во рудник“ не е точна. Одбиени се речиси 97.000 барања, а во моментов има околу 8.000 активни дозволи. Всушност, рударските области зафаќаат само 0,1% од територијата на Турција. Турција сè уште е нето увозник на минерали иако е на седмо место по најголемо минерално богатство во светот. Новиот закон за рударство има за цел да го направи секторот попривлечен за инвеститорите – потенцира министерот Бајрактар.

Иницијативата беше поздравена од Асоцијацијата на рудари, од каде укажаа да се поддржи ископот и на критичните минерали како бакар, графит, кобалт, литиум, никел и други.

  • Ограничувањата на Кина создаваат значителни ризици од геополитичка зависност во енергетската трансформација и производството на напредна технологија во големите економии. Ќе бидеме сведоци на големи трговски војни поради ризиците од снабдување со суровини во следните три до пет години. Турција е богата со геолошки ресурси и минерална разновидност, па затоа би било во наша корист побрзо да ги спроведеме потребните акциски планови што моментално се подготвуваат – изјавил Чабер Занбак, претседател на турската Асоцијација на рудари.

Доколку Турција успее во намерата да ја индустријализира преработката на руди, земјата може да очекува приходи од 220 милиони долари, со годишно производство од околу 570.000 тони руда.

Домашните експерти исто така нагласуваат дека Македонија треба да обезбеди континуитет во инвестирањето во минералната индустрија и да се одржи позитивен раст на инвестициите во оваа гранка. Според нацрт текстот на Стратегијата за минерални суровини која ја изработуваше МАНУ, „имајќи ја предвид континуираната висока побарувачка за метали и минерали, Македонија треба добро да се постави за да може соодветно да одговори на идните зголемувања на потреби за снабдување со суровини“.

  • „Денешниот силен меѓународен фокус на суровините значи дека е важно Република Северна Македонија да биде поистакната како рударска нација и активно и успешно да учествува во меѓународните дискусии и активности кои се занимаваат со идната продажба на суровини и нивното користење. Посебен фокус треба да се стави на следење и влијание врз работата на ЕУ во областа на минералите и суровините и на внатрешниот пазар за овие стоки. Важно е да се задржи оваа атрактивност наспроти конкуренцијата, бидејќи и другите земји спроведуваат слични иницијативи за зајакнување на нивните минерални индустрии“, се вели во нацрт текстот на Стратегијата.

Според авторите, Македонија треба да се промовира како лидер во овој дел на Европа во полето на рударството и истражувањето на минералите, а македонските претпријатија треба да работат во многу ефикасни кластери во партнерство со универзитети и истражувачки институти. Во Стратегијата се потенцира дека властите треба да иницираат повеќе геолошки истражувања и додаваат дека земјава поседува минерали како бакар, олово, цинк и други. Сепак, во Македонија нов сериозен рудник се нема отворено во изминатите четириесет години. Нов стимул се очекува со најавените закони за рударство и геологија, кои би поттикнувале нови инвестиции во рударството со запазување на безбедносните стандарди.

Најнови вести од: Македонија

Полицајците двапати го апселе кавадарчанецот К.М. (34) во еден ден, откако бил фатен без возачка дозвола!

На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит.

Објавени списоците на граѓани, кои добија право на инвертер клима: треба да земат 4070 ваучери во рок од 30 дена

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред. Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполнија условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Петре Шилегов најави бунт во СДСМ: Поголема група социјалдемократи ќе бара оставка од раководството на СДСМ

Поранешниот функционер на СДСМ и поранешен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во емисијата „Тема на денот“ на Сител остро го критикуваше актуелното раководство на партијата, оценувајќи дека СДСМ „кадровски се испразнил“ и дека е во длабока криза.

Најнови вести

To top