Македонија

Ќе запре ли и меѓународниот автобуски превоз?

Како и камионџиите и возачите кои возат патници во земјите од Шенген зонаата бараат фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници

 

И возачите на автобусите во меѓународниот превоз апелиарат до европските институции откако товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан трет ден ги блокираат граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

Тие бараат фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока.

„ Нашата заложба е идентична со ставовите на членките на Асоцијацијата „Макам-транс“ и сме подготвени на заеднички протест доколку не се донесе поволна одлука, која ќе обезбеди непречено функционирање на меѓународниот превоз и заштита на стопанството, изјави вчера претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски.

И Македонската национална транспортна асоцијација „Бест мобилити – НТА“ укажа дека блокадите на граничните премини се израз на револт на професионалните возачи и барање да се слушне нивниот глас за еднаков третман со возачите од ЕУ, порачувајќи решението да се бара во Брисел.

„ Нашите барања се јасни. Признавање на возачите како „мобилни работници”, чиј статус е верификуван со Сертификати за професионална компетентност (CPC). Исто така и заедничка акција со државниот врв. Упатуваме итен апел до Владата и ресорните министерства да го поддржат нашиот дијалог со Брисел преку официјални државни дописи и состаноци со надлежните во Европската комисија.

Искуството од состаноците во Европскиот Парламент ни дава насока дека борбата за транспортниот сектор се добива со аргументи во институциите, со предлог на конкретни решенија и нивна брза реализација. Затоа, ги повикуваме и надлежните во нашата држава, а и превозниците кои се насомнено најпогодени од сето ова што сега се случува во патниот транспорт во регионот на Балканот – на единство во овие напори за да ја сочуваме стабилноста на македонскиот транспорт, изјави Оливера Миовска, претседател на БЕСТ Мобилити – НТА и заменик- претседател на BSEC-URTA.

Најнови вести од: Македонија

Ресторан, спа, фитнес и салон – сите на крадена струја од 3,4 милиони денари

Тешка кражба на електрична енергија во вредност од повеќе од 56.000 евра беше откриена во станбено-деловен објект на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово, соопшти „Електродистрибуција“.

Николоски во Стејт департментот: „САД се стратешки партнер број еден на Македонија“

Вицепремиерот и министер за транспорт и комуникации Александар Николоски во Вашингтон оствари значајни работни средби во Стејт департментот, каде што со висок американски претставници разговараше за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

To top