Македонија

Коцевски е неписмен лажго без грам морални вредности – Хајрулахи со остри зборови за сега веќе поранешниот државен јавен обвинител

Хајрулахи тврди дека под раководството на Коцевски предметите намерно се развлекуваат без цел да се дојде до судска пресуда.

Поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, кој неодамна побара престанок на функцијата во Вишото јавно обвинителство, изнесе сериозни обвинувања за состојбите во институцијата, фокусирајќи се на поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Хајрулахи тврди дека под раководството на Коцевски предметите намерно се развлекуваат без цел да се дојде до судска пресуда.

„Ете, Коцевски поднесе оставка – тоа е неговиот карактер. Тој е човек лажго, без ниту грам морални вредности. За мене беше необјасниво како еден таков профил на човек, неписмен и човек кој недоволно го познава македонскиот јазик, може да стаса до оваа позиција. Тој е склон кон секакви наредби дадени од политичките партии. Кога виде дека му се стеснува обрачот, поднесе оставка“, изјави Хајрулахи за мкд.мк.

Тој додава дека својот престанок на функцијата го побарал по повеќе од една година суспензија, која, според него, ја добил од Коцевски под контрола и по налог од поранешните обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Овие обвинувања доаѓаат во период на зголемени тензии во правосудниот систем, откако Коцевски поднесе оставка по серија критики и интерпелации.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top