Македонија

Кој е мистериозниот извршител на Ременски во АНБ со иницијали П.Б.

Оперативецот ги знае сите кодоши и детали од следењето на Мицкоски, Николоски и новинарите

Во емисијата,,Летна Политика” на Радио Лидер уредникот Љупчо Златев посочи лице од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) кое бил главниот извршител на активностите при незаконско следење на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николовски, обвинителката Вилма Русковски, новинари и други лица.

Лицето со иницијали П.Б. оперативно ги извршувал насоките од високиот функционер во АНБ Јовче Ременски инаку сопруг на екс пратеничката на СДСМ Фросина Ременски.

Вчера екс шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска изјави дека таа била следена од АНБ додека водела истрага за Фросина Ременски.

Лице со такви иницијали кое има сопруга од дипломатските кругови , како што посочи Златев во емисијата, постои во Агенцијата потврдуваат извори на expres.mk и тоа лице се уште е дел од АНБ.

Против лице со вакви иницијали нема покренато никаква дисциплинска одговорност а нема информации дали негово име се наоѓа во поднесокот од АНБ до Јавното обвинителство каде се истражува случајот.

За ова лице извори во безбедносни структури блиски на  опозицијата велат дека е главниот оперативец кој ги знае сите детали, вклучително и кодошите врз основа на кои биле следени премиерот, вицепремиерот, обвинителката, новинари и други лица.

Скандалот со следење политичари и новинари може да доведе до високи казни за инволвираните од кои еден е екс директор на агенцијата.

Ваквото сценарио сега зависи од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое објави свој став за за известувањето на АНБ во врска со следењето политичари и новинари.

,,Известувањата од АНБ за кои покажувате интерес се доставени до ОЈО ГОКК на почетокот на минатиот месец. Обвинителството веднаш отвори предмет по кој активно се постапува во насока на испитување на наводите од известувањата, што подразбира дека во моментов станува збор за спроведување на предистражна постапка,“ велат од ОЈО-ГОКК. Поради тајноста на предистражната постапка, во моментов не можат да се споделат детали за преземените и идните мерки и активности што ги спроведува надлежниот обвинител”, се вели во ставот на ОЈО ГООК.

Зошто на обвинителството му се потребни еден месец за да отвори истрага засега не е познато.

Што се откри Радио Лидер во вчерашната емисија

Фото: Илустрација

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top