Македонија

Кој и зошто ги усмрти на 25.8.2001 Светислав Трпковски (39) и Боге Илиевски (46) со експлозив, врзани во „Бриони“?

На денешен ден, на 26 август 2001 година се случи чудовишното убиство на двајцата чувари на мотелот „Бриони“ недалеку од тетовското село Челопек: Светислав Трпковски (39) и Боге Илиевски (46).

На денешен ден, на 26 август 2001 година се случи чудовишното убиство на двајцата чувари на мотелот „Бриони“ недалеку од тетовското село Челопек: Светислав Трпковски (39) и Боге Илиевски (46).

Двајцата додека дежурале во ноќна смена во мотелот биле фатени, на градите им бил поставен експлозив и така биле врзани за еден од потпорните ѕидови на мотелот. Потоа бил активиран експлозивот во 6 часот и 15 минути тоа кобно утро и тие биле разнесени заедно со објектот.

Потоа нивните најблиски ги пронашле нивните распарчени тела меѓу купиштата од градежниот шут од разурнатиот објект. Убиствата се случија пет дена по разурнувањето на Лешочкиот манастир, извршено, исто така, со експлозив.

Сѐ уште остануваат непознати мотивите и извршителите на овој терористички чин врз недолжни цивили, кој се случува две седмици по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше окончан воениот судир во Македонија во 2001 година. Конфликтот заврши, но сепак тие беа убиени и останува нерасветленото прашањето: од кого и зошто?

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top