Македонија

Кој лаже и кој манипулира за EXIT, дали СДСМ и нивните блиски медиуми го прочитаа соопштението на фестивалот

Кој тргна во кампања против Орце Ѓорѓиевски без да ги види сите работи

СДСМ и медиумите кои денеска почнаа медиумска хајка против кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ може да се разочараат кога ќе видат дека догодина сепак познатиот светски музички концертен бренд EXIT може да има свое македонско издание.

По прес конференцијата на СДСМ на која Орце Георгиевски беше обвинет дека лаже за доаѓање на EXIT, а повеќе медиуми ја шират тезата дека идниот градоначалник на Скопје манипулира, реалноста може да ја разочара Бихаќка и нивните медиумски сателити.

Медиумите блиски на СДСМ кои го прнесоа соопштението на EXIT во кое се вели дека фестивалот не се сели од Нови Сад во Скопје, не ја разбрале суштината на соопштението.

EXIT во соопштението не вели дека нема да има фестивал во Скопје, туку дека не го сели Новосадскиот фестивал во Македонија. Фестивалот никаде не вели дека дека во Скопје нема да има концерти од овој бренд.

Последните информации од седиштето на EXIT до кои неофицијално дојде expres.mk велат дека догодина Скопје ќе биде домаќин на еден од најпознатите светски концертни брендови и на десетина сцени ќе настапуваат големи светски музички брендови.

Извори во фестивалот велат дека јавноста треба да почека малку за да се расчистат сите работи и да се види дали манипулира Орце Ѓорѓиевски или СДСМ и нивните блиски медиуми.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top