Македонија

Колони за влез во Македонија во викендите, сега од Грци за поевтино гориво

Стотици жители на пограничните региони на Грција создаваат километарски редици на граничните премини со северниот сосед

За разлика од летниот период, кога се чекаше со часови за поминување на македонско-грчката граница на пат кон морските дестинации кај јужниот сосед, сега притисокот на граничните премини го прават возачи од Грција во потрага по поевтино гориво во Македонија, според написот на грчки „Д њуз“.

„Со оглед на тоа што цените на горивата сега ги прават луксузна ставка, стотици граѓани и професионалци во пограничните префектури бараат поекономични начини да ги наполнат своите резервоари. Затоа, не се малку оние што патуваат во Бугарија и во Северна Македонија, бидејќи цените на горивата во соседните земји се на ниско ниво. Поточно, во Северна Македонија цената на безоловниот бензин од 95 октани е 1,61 евро за литар, а дизелот 1,70.

Соодветно на тоа, во Бугарија просечната цена на обичниот безоловен бензин е 1,70 евра за литар, а дизелот е близу 1,95. Во Грција, просечната цена на безоловниот бензин достигна 2,20 евра, а дизелот е малку под 2,23. Цената на течниот нафтен гас исто така се движи нагоре.

На границата со Северна Македонија се формираат километарски редици, особено за време на викендите, бидејќи поевтините горива ги принудуваат жителите на северните префектури да мора да ја менуваат земјата за да полнат гориво без да ‘крварат’ финансиски“, пишува грчкиот медиум.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top