Македонија

Костадинов до Желјасков: Во Македонија нема бугарско малцинство, туку македонски Бугари

Според лидерот на Преродба, сите македонски жители што го зборуваат „бугарскиот дијалект“ се Бугари

Костадин Костадинов, лидер на партијата Преродба, го поучи премиерот Росен Желјасков дека во Македонија немало бугарско малцинство, туку сите што зборувале на „бугарски дијалект“ биле (македонски) Бугари.

„Во Македонија нема бугарско малцинство. Сите жители што го зборуваат бугарскиот дијалект таму се Бугари по крв, јазик и култура, без оглед на тоа како се дефинираат себеси“, рече Костадинов надвор од дебатата за недоверба на Владата.

„Секој бугарски граѓанин е свесен дека во Македонија нема бугарско малцинство. Отсекогаш станувало збор за Бугари, за македонски Бугари, за бугарска заедница, но никогаш за малцинство, бидејќи такво нешто не постои“, објасни првиот човек на партијата со 33 пратеници во Собранието со 240 члена.

Терминот „бугарско малцинство“, според Костадинов, првпат го вовел македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кого го опиша како „познат србоман и најголем бугаромразец на Балканот“.

„Овој човек ја изгради целата своја политичка кариера зборувајќи против Бугарија и против Бугарите. За нас е необјасниво како е можно бугарски премиер да ја повторува реториката на Мицкоски“, додаде тој.

Според неговите зборови, таквата позиција не е само грешка, туку „неписменост, криминална небрежност или отворено национално предавство“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Скопјанецот С.Д. (54) бил нападнат од Ј.М. (29) од Крива Паланка, па потоа го истепал него, брат му и другарот!

Вчера на 5 април 2026 година околу 22 часот во СВР Скопје С.Д. (54) од Скопје пријави дека околу 21 часот во домот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ј.М.(29) од Крива Паланка.

Од 10 април 2026 почнува електронската евиденција за македонските граѓани за влез во ЕУ

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги известува граѓаните дека од 10 април 2026 почнува целосната примена на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System). Со тоа на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.

Кривична пријава против градоначалникот на Струга за „несовесно работење“, незаконски назначил в.д. директор на „Водовод и канализација“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Мицкоски за најавениот протест: Нe дозволувајте да бидете алатка на партија која живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика кандидатите кои треба да го полагаат правосудниот испит да не дозволат да бидат искористени како алатка во рацете на една опозициска политичка партија „која сѐ уште живее во минатиот век“.

To top