Македонија

Костадинов: Филипче е дојденец во СДСМ. ќе му простам

Лесно е да се биде во СДСМ. Но, многу потешко е да го носиш СДСМ во себе – особено кога изворно не си дел од неговите темели, туку си дојденец во него“, му порачува на лидерот на СДСМ

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, реагира на неодамнешно интервју на Венко Филипче.во кое актуелниот лидер на СДСМ го обвини дека „пукал во партиските“ другари.
Костадинов, поранешен портпарол и пратеник од редовите на СДСМ го замрзна членството во партијата, но вели дека бил приморан да одговор „со намера да останам доблесен кон моите партиски другари, луѓе до кои сум растел, сум се развивал и луѓе кои од диша ги почитувам и сакам“.
Во објава на Фејсбук, Костадинов вели дека ќе му прости на Филипче „и сè кажано ќе го примам како вид политичко неискуство кое е нормално на почеток на секоја кариера.

„Лесно е да се биде во СДСМ. Но, многу потешко е да го носиш СДСМ во себе – особено кога изворно не си дел од неговите темели, туку си дојденец во него“, му порачува Костадинов на лидерот на СДСМ. .

Најнови вести од: Македонија

Скопјанецот С.Д. (54) бил нападнат од Ј.М. (29) од Крива Паланка, па потоа го истепал него, брат му и другарот!

Вчера на 5 април 2026 година околу 22 часот во СВР Скопје С.Д. (54) од Скопје пријави дека околу 21 часот во домот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ј.М.(29) од Крива Паланка.

Од 10 април 2026 почнува електронската евиденција за македонските граѓани за влез во ЕУ

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги известува граѓаните дека од 10 април 2026 почнува целосната примена на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System). Со тоа на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.

Кривична пријава против градоначалникот на Струга за „несовесно работење“, незаконски назначил в.д. директор на „Водовод и канализација“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Мицкоски за најавениот протест: Нe дозволувајте да бидете алатка на партија која живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика кандидатите кои треба да го полагаат правосудниот испит да не дозволат да бидат искористени како алатка во рацете на една опозициска политичка партија „која сѐ уште живее во минатиот век“.

To top