Македонија

Критики и пофалби за законот за заштита од пушење – Може ли неговата примена да го расчисти чадот од цигарите?!

По години колебање, половични решенија и слаба примена на постојната регулатива, државата повторно се обидува радикално да го ограничи пушењето. Новиот предлог-закон за заштита од тутун и од никотин предвидува една од најстрогите рамки досега: не само со забрана за пушење во речиси сите јавни и работни простори туку и со целосно отстранување на тутунот од рекламирањето, медиумите, културните и спортските настани.

Пушењето цигари мора да се намали, но и да се укине. Македонија воведува ригорозни забрани и казни за пушење. Новиот закон на тест на јавноста – ќе поминат ли ограничувања за цигари, електронски цигари и ароми за заштита на здравјето? Некои го поздравуваат, други остро го критикуваат законот за заштита од пушење, конкретно ограничувањето на продажбата и забраната за пушење во јавни и работни простории. Граѓаните, главно помладите, сметаат дека ова е одличен чекор на државата, со што би се ставил крај на штетноста од цигарите, главно во локалите каде на големо се пуши. Новиот предлог-закон за заштита од пушење, објавен на ЕНЕР, предизвика и силни реакции во јавноста. Оние граѓани кои пушат цел живот, велат тешко дека ќе се откажат, затоа не се согласуваат со негова примена.

По години колебање, половични решенија и слаба примена на постојната регулатива, државата повторно се обидува радикално да го ограничи пушењето, колку ќе успее останува да видиме.

Македонија долго време е на листата на земји со повисоки стапки на пушење во регионот. Анализите покажуваат алармантни податоци – 40% од младите до 18 години пушат, а најфрапантно е што децата веќе на 13 годишна возраст посегнуваат по цигарите.

Што предвидува предлог-законот за пушење?

Предлог-законот е објавен на ЕНЕР, каде што граѓаните и организациите можат да учествуваат во јавната расправа. Дали законските измени ќе претрпат промени ќе се знае наскоро. Законот предвидува:

  • Целосна забрана за пушење во јавни и работни простории.
  • Забрана за рекламирање, промоција и спонзорство од страна на тутунската индустрија.
  • Ограничување на продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи.
  • Усогласување со европската регулатива и меѓународните обврски

Најнови вести од: Македонија

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Македонија во Абу Даби, наведуваат од Амбасадата

To top