Македонија

Кривична пријава против бизнисмен за скандалот вреден 120 милиони евра

Сомнеж за продолжено кривично дело – измама.

Илјадници граѓани кои се чувствуваат измамени поднесле групна кривична пријава против познат бизнисмен поради сомнежи за загубени околу 120 милиони евра!

Според сопштението групата оштетени граѓани со поднесување на кривична пријава против Зоран Витанов бараат правда за своите загубени пари.

Илјадниците оштетени граѓани поднесуваат кривична пријава против Зоран Витанов и непознати НН маркетери на компанијата Мајворлд за продолжено кривично дело – измама.

Според приложените докази, во подолг временски период функционирал координиран и структуриран систем на прибирање средства од граѓани:

– спротивно на закон,
– на начин спротивен на официјалните компаниски насоки,
– спротивно на одредбите од етичкиот кодекс на компанијата.

Доказите – банкарски уплати, видео и аудио материјали и финансиски траги – според подносителите, укажуваат на континуирано и организирано дејствување на повеќе лица.

Во пријавата се доставени:

– документирани уплати од оштетени лица,
– бројни видео и аудио докази,
– финансиски траги што упатуваат на систематско прибирање средства,
индиции за исплатени провизии,
предложени сведочења од оштетени лица.

Според првичните анализи, постои основано сомнение дека од Република Македонија се одлеани девизни средства во износ од најмалку 120 милиони евра.

Пријавената штета само кај досега евидентираните оштетени лица го надминува прагот за највисоката временска казна предвидена во релевантниот член од Кривичниот законик за овој вид дело. Бројот на оштетени лица се брои во илјадници граѓани.

Постои основано сомнение дека значителен дел од средствата бил прелеан преку провизии кон пријавеното лице и поврзана група маркетери.

Со оглед на обемот на наводите и индициите за структурирано дејствување на повеќе лица, се остава на Јавното обвинителство да ја утврди точната правна квалификација, вклучително и евентуално постоење на здружување или други облици на организирано постапување.

Од обвинителството се бара разгледување на можноста за примена на привремени мерки за обезбедување имот, вклучително и замрзнување на имот на евентуално одговорните лица, со цел обезбедување средства за обештетување на оштетените граѓани.

Повик до оштетените

Тужителите ги повикуваат сите лица кои сметаат дека се оштетени или располагаат со релевантни информации и докази да се приклучат кон иницијативата и да стапат во контакт преку електронска пошта:

pravda.myworld.mk@gmail.com

Анонимноста и заштитата на личните податоци на пријавителите ќе бидат целосно почитувани.

Иницијативата ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

To top