Македонија Хроника

Кривична за скопјанец кој продавал карти за непостоечки концерт

Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“  А.Х. три месеци, односно во периодот од 04.04.2025 до 13.06.2025 како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб страница за продавање на билети овозможил електронско купување на билети за […]

Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“  А.Х. три месеци, односно во периодот од 04.04.2025 до 13.06.2025 како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб страница за продавање на билети овозможил електронско купување на билети за концерт кој воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите.

Секторот за компјутерски криминал во рамки на утврдениот делокруг на надлежности, продолжува активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и целокупниот интернет простор, со цел превенција на повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза со елементи од кривични дела за кои се постапува по службена должност.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Лишен од слобода М.Р. (18), кој испраќаше закани дека ќе постави бомби и ќе убива во средното медицинско училиште во Тетово!

Вчеравечер, на 12 март 2026 во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, оти М.Р. праќал пораки до учениците, заканувајќи се дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.

Специјалната противтерористичка единица „Тигар“ – 45 години во служба на безбедноста на татковината Македонија и граѓаните, симбол на врвна професионалност и храброст!

„Денеска одбележавме 45 години од создавањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ – симбол на професионалност, храброст и врвна подготвеност на македонската полиција, напиша на фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

На Параолимписките Зимски Игри Милано Кортина 2026, „Победничката селфи – фотографија“ достигна нов пресврт

„Победничката селфи – фотографија“ (Victory Selfie) го трансформираше искуството на церемониите за доделувањето на медали преку фотографиите што самите спортисти ги доловуваат и ги споделуваат низ целиот свет, брзо станувајќи култен културен момент на Олимписките и Параолимписките Игри.

Скандал: Лога го навреди претседателот на Уставниот суд Костадиновски дека е „имбецил“ и оти има „умерена интелектуална попреченост“!

„Имбецил! *Историски гледано, технички термин за умерена интелектуална попреченост!“ – напиша Кренар Лога од ДУИ, поранешниот министер за правда, во својата скандалозна објава на фејсбук за претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, објавувајќи ја и неговата фотографија во судиската тога. Тешките навреди на Лога кон Костадиновски се и дел од остриот напад на неговата партија ДУИ, која вчера се огласи со соопштение и тврдење во него дека е „дискриминација и кршење на духот на Уставот ставот, според кој смс-пораките од системот ‘Безбеден град’ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека може да се испраќаат и на англиски, но не и на албански јазик.“. Ова е ставот на првиот човек на Уставниот суд Костадиновски. „Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата.“ – тврдеше ДУИ, а напоредно со неа и Лога се огласи со својата екстремно тешка и навредлива квалификација за Костадиновски дека е „имбецил“.

Најнови вести

To top