Македонија

Кривична за „Тритерол Петрол“ и управителите – фалсификувале банкарски гаранции за да конкурираат на 19 тендери

Управа за финансиска полиција

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата Љ.П. и З.А. во својство на управители на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторени кривични дела „Фалсификување исправа“ од чл. 378 од Кривичниот Законик на Македонија и „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“ од чл. 275-в од Кривичниот Законик на Македонија.

Како што се наведува во соопштението од Управа за финансиска полиција, во период од 01.01.2021 година до 31.12.2024 година, пријавените во 19 постапки за јавни набавки пред 12 јавни и државни институции свесно употребиле 19 лажни исправи – фалсификувани банкарски гаранции за целосно, навремено и квалитетно исполнување на обврските.

-На ваков начин со поднесување на невистинита документација свесно ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавнa набавкa и склучиле 19 договори за јавни набавки, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 56.764.827,00 денари, наведуваат од Управата за финансиска плиција.

Најнови вести од: Македонија

„Скопје 1.мк“: Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ. Ова го објави порталот „Скопје 1.мк“

To top