С.К. и правното лице, чиј управител е, по претходно распишан оглас за јавна набавка од општина Радовиш и донесената одлука дека е најповолен понудувач за набавка на огревно дрво бука за потребите на основните училишта во општина Радовиш, свесно со неизвршување на обврските од договорот ги повредиле правилата на постапката со тоа што во подрачните училишта во с.Калаузлија, с.Коџалија, с.Ињево, с.Сулдурци и с.Покрајчево наместо огревно дрво бука со опсег на дијаметар 7-16 цм испорачале огревно дрво топола, дива круша, црница, евла и бука со дијаметар од 3-7 цм. На овој начин се стекнале со противправна имотна корист од 628.224 денари.
Исто така, испорачаното огревно дрво не било жигосано со жиг за жигосување на дрвни сортименти и немало испратница за превоз на дрвни сортименти за топола, дива круша, црница, евла и друго, што укажува на фактот дека е незаконски стекната. Пријавените изготвиле фиктивни испратници за основните училишта со тоа што во делот на вид на дрво и вид на сортимент на дрво внеле невистинити податоци во однос на видот на дрво и видот на дрвниот сортимент, додека во рубриката „одговорно лице“, С.К. се потпишал и покрај тоа што не бил овластен да ги потпише. Што се однесува пак до превозот на дрвата, С.К. го вршел со товарно возило на правното лице без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз.