Македонија Хроника

Кривични пријави за затвореници кои уценувале мајка на друг затвореник – Барале пари за да не го претепаат

На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда” и „лихварство“. А.Б и А.Р. кои издржувале затворска казна во Затвор Идризово, со користење на незаконски стекнати мобилни телефони, преку апликацијата „фејсбук месинџер“ од мајка на друго […]

На 24.05.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда” и „лихварство“.

А.Б и А.Р. кои издржувале затворска казна во Затвор Идризово, со користење на незаконски стекнати мобилни телефони, преку апликацијата „фејсбук месинџер“ од мајка на друго лице кое издржувало затворска казна барале да им исплаќа сума од 1200 евра месечно за нејзиниот син да добие наводни „гаранции и заштита“ во затворот и подобри услови за сместување, а при видео повиците и покажувале како насилно се однесувале кон нејзиниот син, притоа уценувајќи ја дека доколку не им бидат исплатени пари ќе продолжат со насилството кон синот, информираат од МВР.

Парите требало да ги земе братот на еден од затворениците од мајката, но истите биле фатени од полицијата .

На 23.05.2025 Е.Б., кој е брат на А.Б., и Р.Р., кој е брат на А.Р., по претходен договор со мајката на осуденото лице дошле во Струмица со цел да остварат средба со неа, на која требало таа да им даде претходно договорен износ на пари, кои биле дел од парите што ги барале како наводен долг кој таа го имала кон нив. По остварената средба, односно во момент кога Е.Б. ги зел парите, кои биле претходно обележани, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Струмица, а Р.Р. се дал во бегство, но веднаш бил фатен и лишен од слобода. При лишувањето од слобода, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за кои тој не приложи документација за потекло на наведените парични средства, по што истите од страна на полициски службеници биле одземени – додаваат од МВР.

Во исто време, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за организиран и насилен криминал и Одделение за насилен криминал при СВР Скопје биле извршени претреси во затворските ќелии во Затвор Идризово, во кои престојувале А.Б. и А.Р, при што кај нив биле пронајдени и одземени два незаконски стекнати мобилни телефони. Е.Б. и Р.Р. биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По поднесување на кривичната пријава, лицата биле изведени пред судија од Основен суд Струмица, кој на Е.Б. и Р.Р. им определил мерка куќен притвор.

Најнови вести од: Македонија Хроника

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top