Македонија

Куп ѓубре на Матка за Голема Богородица – Зошто Општина Сарај не го чисти барем за празник?!

За празникот Голема Богородица, не само што се чистело ѓубрето, туку се кастреле и гранките на дрвјата долж патот. Општина Сарај, која е надлежна за одржување на чистотата во Долна Матка, треба да одговори зошто Матка не е исчистена за големиот празник на селото, реаагира населението.

За празникот Голема Богородица, Матка ги пречека гостите со купишта ѓубре. На кривината кога се влегува во Долна Матка, каде што е поставен само еден контејнер, ѓубрето е расфрлано и растурено на речиси половина улица и возилата мора да го заобиколуваат, објави Плусинфо.

– Утрово рано стасав во Долна Матка, каде што имаме викендичка, за да ја избегнам гужвата, која за овој празник е голема, бидејќи Голема Богородица е празник на селото. За жал, на самата кривина на влезот во Долна Матка ме пречека поразителна глетка. Сето ѓубре беше растурено на самата улица и возилата мораа да го заобиколуваат. Навистина, срамота за комуналното претпријатие на Општина Сарај, каде редовно месечно плаќаме по 300 денари за ѓубретарина – вели сопственичка на викендичка во Матка.

Жителите на Матка сведочат дека до пред некој месец на таа локација имало два контејнера, а сега е само еден.

– Никогаш контејнерите не се празнеле на дневна основа. Не ни знаеме во кој ден од неделата ги празнат. Во цела Долна Матка на улицата која не е подолга од еден километар има само 5 контејнери. На овој дел од селото се сконцентрирани поголемиот дел од куќите и викендичките. За разлика од состојбата во Долна Матка, во соседното село Глумово, комуналното претпријатие два пати неделно го собира сметот од пред куќите на жителите – вели С. Т., жител на Матка.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top