Македонија

Лажни мејлови од Бирото за јавна безбедност за наводни „кривични истраги“ – не отворајте ги!

Во последните денови, МВР регистрира зголемен број пријави од граѓани кои добиле електронски пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, или од Единицата за сајбер безбедност. Во пораките, примачите се предупредуваат дека се предмет на кривични истраги за сериозни злосторства како детска порнографија, педофилија или трговија со дрога и им се наложува да се јават во полициска станица или да испратат повратен имејл во рок од 24 часа.

Целта на овие лажни пораки е да се добијат лични податоци на граѓаните, кои измамниците понатаму можат да ги злоупотребат. МВР нагласува дека овие пораки се лажни и не се испратени од БЈБ или од одделението за сајбер криминал и безбедност. Истражни покани од МВР никогаш не се испраќаат преку електронска пошта. Лошиот превод и граматичките грешки во пораките се јасен знак дека станува збор за измама.

Министерството апелира до граѓаните:

– Не отворајте сомнителни пораки од непознат испраќач.

– Не контактирајте го испраќачот и не споделувајте лични податоци.

– Не кликнувајте на линкови или прилози кои доаѓаат со такви пораки, за да го заштитите вашиот компјутер и личните информации.

– Сите граѓани кои се сомневаат дека добиле ваква порака, треба да се обратат до МВР и да ја пријават.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top