Македонија

Лефков: Специјалниот бугарски пратеник Филипче е подготвен да истурка уставни измени, сметајќи дека така ќе дојде на власт

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче е подготвен да истурка уставни измени, сметајќи дека така ќе дојде на власт.“ – истакнува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Натаму Лефков наведува: Демагошката програма полна со флоскули на Филипче не му го носи посакуваниот ефект, што може да се види и по последните анкети, па затоа се впушта во романса со Бугарија сметајќи дека така ќе успее да им се допадне на граѓаните. Иако над 80  проценти од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не е чекорот кон ЕУ и оваа отстапка не треба да се прави без гаранции, но сепак Филипче и лојалистите на Заев во врхушката на СДС уште утре ќе ги потпишат бугарските барања.

Поданичката политика на Филипче и СДС кон Бугарија и Радев не оди на добро на државата, а уште помалку на Филипче. Ако продолжи Филипче со понижувачкиот однос кон Бугарија и Радев, уште повеќе ќе се маргинализира. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги штити националните интереси, а со тоа и желбата на граѓаните кои даваат огромна поддршка на владејачката коалиција, посочува Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ.




Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

To top