Македонија

Лидерот на ДУИ го дефинираше патот што Македонија ја приближува кон Европа

Демократијата мора да биде општествена култура и стандард за секоја институција, политичка структура, натпревар и процес на одлучување

Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на демократијата – ден што нè потсетува на вредноста на слободата, плурализмот и одговорноста што ја носиме како општество, објави денеска Али Ахмети порачувајќи дека демократијата е, пред сè, врвен тест за политичка зрелост.

,,Таа е повеќе од институционална рамка и повеќе од изборен процес. Таа е тивкиот договор меѓу државата и граѓанинот дека слободата не е предмет на преговарање, достоинството не подлежи на релативизам, а еднаквоста не останува само принцип на хартија”, вели Ахмети според кого во општество изградено врз различноста, вистинската демократија не бара униформност туку таа создава простор за разлики, му дава институционално достоинство на плурализмот и го претвора соживотот од историска нужност во државотворна вредност.

,,Демократијата мора да биде општествена култура и стандард за секоја институција, политичка структура, натпревар и процес на одлучување. Трајниот мир се гради врз демократијата, додека одржливата демократија се гради врз почит, дијалог и еднаквост.

Соочени со современите предизвици и промени што влијаат врз регионот и Европа, нашиот одговор мора да биде: повеќе демократија, повеќе дијалог и поголема мудрост при носењето одлуки.

Ова е стандардот што му е потребен на нашето општество како темел за заедничка иднина – иднина што е поправедна, постабилна и поевропска”, смета Ахмети според кого ова е патот што нè приближува кон Европа.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top