Колумни

Османи во 2022 со пробугарска декларација ги „ампутираше“ дијалектите од македонскиот јазик, а сега вели „европски го заштитил“?!

„Без европска иднина, оваа држава нема иднина. Укинувањето на законот за јазиците ќе претставува напад врз темелот на унитарноста на државата – Рамковниот договор, историскиот договор меѓу Македонците и Албанците како треба ова држава да се раководи и да се живее во неа. Укинувањето на тој закон во Уставниот суд ќе значи крај за на […]

„Без европска иднина, оваа држава нема иднина. Укинувањето на законот за јазиците ќе претставува напад врз темелот на унитарноста на државата – Рамковниот договор, историскиот договор меѓу Македонците и Албанците како треба ова држава да се раководи и да се живее во неа. Укинувањето на тој закон во Уставниот суд ќе значи крај за на Рамковниот договор и на унитарноста на државата.“ – со овие закани се огласи потпретседателот на ДУИ Бујар Османи во интервјуто за Радио Слободна Европа, во кое се осврнува на редица политички теми, а посебно и за македонскиот јазик.

„Верглајќи“ ги веќе изветвените ставови на ДУИ дека „оваа влада е моноетничка и нема легитимитет кај Албанците“, Бујар Османи се обидува да ги замаскира вистинските стремежи на ДУИ по секоја цена да се врати на власта. Сега тој говори за некаков „златен период“, кој, секако, би настапил дури откако би се вратила неговата партија на власт. Во овој контекст Османи тврди во интервјуто: „Предвремените избори се неопходни, за да не се нормализира никогаш оваа ситуација. Ова е аномалија, ова е абнормалност, која што не може да биде одржлива. Таа треба да се прекине, за да влеземе во златен период кога после 20 години за прв пат ќе имаме 4 години без ниедни избори. Во последните 20 години сме имале 14 изборни циклуси, што значи на секои 17 месеци сме имале по едни избори. Кај нас, еден изборен процес, 6 месеци парализира пред, 6 после.“

На прашањето-забелешка на водителката на интервјуто „Каков е тој златен период за евроинтеграциите кога се тие во ќорсокак – ЕУ не дава гаранции дека Бугарија нема да продолжи со условувања, актуелната Влада нема намера да го менува Уставот под поставените услови. Дали три години потоа, сметате дека згрешивте што прифативте вакви услови иако знаевте дека немате консензус во Собранието?“ Бујар Османи одговара: „Прашањето на гаранции е погрешно поставено. Да, требаат гаранции, но не треба да се создаде нов како спорот со името. Гаранции не треба да се бараат од Европската Унија. Европската Унија е колективно тело во кое земјите имаат право на вето, вклучувајќи и Бугарија. Гаранции треба да се барат поединечно од земји членки, од Германија, од Франција, од важни држави во Европската Унија, кои што тие треба да ни гарантираат дека нема да дозволат утре во процесот Бугарија да ја злоупотреби преговарачката рамка. Затоа гаранции да, но не на начин на кој што се злоупотребуваат преко апстрактен поим, кој што само ќе создаде спор кој е нерешлив.“

Поранешниот министер за надворешни работи и сегашен потпретседател на ДУИ Османи натаму ја изнесува најголемата бесмислица, па и лага околу тоа какво „европско решение“ постигнал околу „проблемот со македонскиот јазик“, во интервјуто за Радио Слободна Европа велејќи: „Дали требало да се прифати преговарачката рамка? Да, би било апсолутно историска грешка да се пропушти шансата македонскиот јазик прв пат во историјата да се запише во документ на Европската Унија без никакви додавки. Ние отидовме преку Договорот за добрососедство и во преговорачката рамка нема ‘согласно со Уставот“. Деведесет проценти од преговорите со Бугарија беа за таа формулација. За да се додаде согласно со уставот, или ѕвездичка во дефиницијата за јазикот, ние тоа го решивме 100 проценти на наша сметка“.

Значи, што „решил за македонскиот јазик“ и на чија „наша сметка“? Дали на сметка на македонскиот народ?! Во својата информација со наслов „Во едностраната изјава стои дека македонскиот јазик има дијалекти само на денешната територија на Македонија“, објавена на 19 јули 2022 година, покрај другото, новинската агенција Макфакс наведува: „Министерот Бујар Османи на веб-страницата на Министерството за надворешни работи ја објави едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик, која е приложена кон записникот од првата меѓувладина конференција. …  Во согласност со сознанијата, утврдени со акти, со широкоприфатените теории и емпириските истражувања на современата славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски контиунуитет. Овој континуитет се заснова врз специфичниот развој на дијалектите, што се во неговата основа и кои биле распространети  на територијата на денешна С.Македонија. … Во текот на преговорите за пристапување се до нивното завршување со склучување договор за пристапување на С.Македонија во ЕУ и по приемот во полнправно членство во ЕУ, С.Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик, од наведеното во преговарачката рамка.’ – стои во изјавата, што ја доставил Бујар Османи.“

Актот на Бујар Османи за македонскиот јазик, кој е столб на македонскиот идентитет, покрена веднаш огромна лавина на жестоки реакции од македонистите во Македонија. Во својата информација со наслов „Македонистите кренаа глас: Сите бараат поништување на едностраната изјава на МНР“, објавена на 20 јули 2022 година ТВ Алфа, покрај другото, ТВ Алфа имаше истакнато: „Македонистите се кренаа против декларација на Османи за македонскиот јазик. Порачуваат дека државата сама си ги урива позициите и статусот на нашиот македонски јазик. Токму поради ова професорката Елка Јачева Улчар на својот фејсбук профил, во име на научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет, Институтот за македонски јазик, Институтот за македонска литература и други институции, објави зошто оваа еднострана изјава не смее да биде став на Македонија. Една од главните причини се дијалектите на македонскиот јазик, кои преку оваа декларација се ограничуваат само на територијата на Македонија, што не е точно, според македонистите.‘ Грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик е наведеното во Едностраната изјава од македонска страна дека: „Овој континуитет се заснова врз специфичниот развој на дијалектите, што се во неговата основа и кои биле распространети на територијата на денешна РС Македонија.’ – вели Јачева Улчар.“

„Против оваа декларација се се кренаа гласно и повеќе од 30 помлади македонисти, кои преку проглас за заштита на македонскиот јазик и книжевност и на македонистиката, порачуваат дека овој документ не смее да биде официјален став на Македонија. ‘Ваквата Изјава може да доведе до сериозни и трајни последици по нацијата, државата и севкупната македонска култура. Затоа укажуваме дека ако не биде повлечена, ќе биде сметана како нелегитимна. Како нелегитимен ќе го сметаме и секој натамошен акт, што ќе се темели, или ќе се повикува на неа. Јавно ги повикуваме претседателот на државата Стево Пендаровски и Собранието на Македонија да застанат во одбрана на македонскиот јазик и книжевност, на македонистиката и на државните интереси и да ги искористат сите расположливи механизми, за да биде повлечена оваа срамна Изјава. Бидејќи со неа политички се задира во македонистичките темели.’ – се вели во прогласот на помладите македонисти.“

„Професорката Александра Ѓуркова вели дека е груб фалсификат на лингвистичките факти напишаното оти македонскиот јазик е јазик само на територијата на Македонија. Таа нагласува дека македонските дијалекти се простираат и надвор од државата.  За текстот на овој документ реагираше и академик Катица Ќулафкова, нагласувајќи дека македонските власти се откажале од нешто, за што никој воопшто нема право да се откаже. ‘Со едностраната изјава на Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија, денешна Грција, се основа врз старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација. Просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење надвор од просторот на денешната држава Македонија и надвор од современото време.’ – пишува Ќулафкова.“

„Македонија оваа своја еднострана изјава ја објави, откако Бугарите претходно објавија декларација, во која јасно ни кажуваат дека за нив македонски јазик не постои и ни под разно не можат да го прифатат.“ – имаше објавено ТВ  Алфа во јули 2022 година.

А што порача официјална Софија еден ден пред  да се објави „Едностраната декларација“ на Османи? Со својата информација со наслов „Со посебна декларација Бугарија потврди пред ЕУ дека не го признава македонскиот јазик“ информативниот портал „Сакам да кажам“ на 18 јули објави:  „Во посебна декларација, дистрибуирана вечерва во Брисел од Министерството за надворешни работи на Бугарија, се укажува дека упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање од Република Бугарија на „македонскиот јазик’. Во декларацијата се наведува и дека: ‘Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани врз дијалекти, а три врз литературен бугарски јазик. Создавањето на ‘македонскиот јазик’ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на вторична кодификација (рекодификација), заснована врз бугарскиот литературен јазик, дополнително ‘збогатен’ со локални форми. Со тоа се симулираше ‘природен’ процес заснован врз дијалектна форма’. Бугарија ја претстави својата Декларација на состанокот на постојаните претставници во Брисел при гласањето за преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Советот на ЕУ ќе ги земе предвид овој документ и бугарската позиција.“

И денес Бујар Османи во интервју за Радио Слободна Европа тврди дека „без европска иднина, оваа држава нема иднина“?! Но, каква иднина Македонија и македонскиот народ би имале со такви и слични „европски решенија“ за македонскиот јазик и за самата македонска држава, кои ги „стокмија“ со „Добрососедскиот договор со Бугарија“ Бујар Османи, Зоран Заев, Димитар Ковачевски и другите актери од претходната владејачка гарнитура на Македонија?! Сегашната Влада на Република Македонија уште еднаш го нагласи својот став и својата позиција преку најновата изјава на заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков: Владата цели да го оствари сонот за европска Македонија, но постави црвена линија – македонскиот идентитет, преку која нема преминување!“

Само по себе се подразбира дека македонската „црвена линија“ е и македонскиот јазик, преку која нема преминување, исто така.

Најнови вести од: Колумни

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

Бугарија го „киднапира“ македонскиот цар Самоил, за да ги пополни „дупките“ во идентитетот на Бугарите и на својата средновековна државност!

Пропагандниот циркус на 3 октомври 2026 година кога македонската, европската и светската јавност гледаа во Софија масовни сцени со пренесувањето на „посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во саканата татковина Бугарија“, на 6 октомври веќе задобива нови димензии: денешното поклонение пред наводните посмртни останки на средновековниот владетел претставува забрзување и кревање на највисоко рамниште на градењето на националниот идентитет и на историјата на Бугарите. Ова е длабоко и добро осмислена операција на идентитетски, историски и национален инженеринг, заснован врз масовно присвојување на идентитетски елементи на македонскиот народ и автентичната македонска историја. Градење преку крадење – од македонскиот за бугарскиот идентитет!

Остри реакции во Бугарија и Грција околу „спектаклот“ „Враќањето на бугарскиот цар Самуил во татковината“ (2)

Пропагандниот циркус „Враќањето на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во татковината Бугарија“, кој без никакво сомневање има за цел да го поттикне создавањето на „заедничката историја на Македонија со Бугарија“, односно бугаризирањето на автентичната македонска национална историја, наидува на негативни и критички реакции токму во Бугарија и Грција – двете држави, кои го приредуваат овој „спектакл“ и „лошососедско“ политичко поигрување со сѐ уште научно непотврдените мошти – дали и навистина му припаѓаат на инаку македонскиот цар Самуил.

Пропагандниот циркус „Враќање на моштите на бугарскиот цар Самуил“ на Радев, Каракачанов, Јотова – пренасочување на вниманието на јавноста (1)

На 23 дена до одржувањето на изборите за нов претседател на Бугарија бугарските политичари, предводени од сѐ помалку популарниот премиер Румен Радев, организираат пропаганден циркус „Враќање на коските на бугарскиот владетел Самоил во татковината“. Во бугарската јавност и меѓу тамошни експерти ова наидува на тешка иронија, остри критики и коментари дека е „уште една бугарска трагикомедија“, „операција заради одвлекување на вниманието на гневната јавност и населението од економските неуспеси на владата и Радев лично“, но и како „предизборна пропаганда“ и „претстава за јавноста“ во екот на предизборната кампања спроти изборите за нов шеф на бугарската држава, закажани за 25 октомври 2026 година. Во бугарската јавност и на тамошните општествени мрежи веќе кружат негативни и зајадливи коментари во стилот „бугарскиот народ гладува и нема пари за леб и да плаќа сметки, а власта прави циркуси со коски“, „народот сака да купи месо без коски, а тие нам ни нудат коски, кои се за во музеј“ и „покрај коските, кога ќе му го земете и духот на Самоил, кога ќе го донесете и него во Бугарија“?!

Заветот на Анте Поповски до Македонците да ги зачуваат Македонија и македонскиoт јазик и неговите пораки до Европа

„Јазикот на еден народ е негов златен штит, негова татковина и најголема духовна вредност. Пеев уверен дека она што го пеам на ниеден друг јазик не може да се испее освен на јазикот на големата судбина на Македонците. Тие, чија адреса е запишана во Библијата, кријат некоја тајна за иднината на светот: зашто тие се сеќавање на свеста, на вековите кои одминале. Оган – кој не згаснува.“ – има напишано за македонскиот јазик и народ великиот поет на македонската кауза Анте Поповски. Тој почина на денешен ден, на 1 октомври 2003 година. Оваа 23-та годишнина од неговата смрт е соодветен повод за ново навраќање кон творештвото на овој волшебник на македонската поетска реч и кон неговите вонвременски пораки, кои еднакво силно одекнуваат и денес

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

To top