Македонија

Лидерот на ЗНАМ му порача на Филипче дека нема никакви социјалдемократски вредности

Лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, остро одговори на критиките од лидерот на СДСМ

Лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, остро одговори на критиките од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој го обвини дека е „предавник на социјалдемократската идеја“ и „подизведувач на ВМРО-ДПМНЕ“. Димитриевски возврати, истакнувајќи дека Филипче, кој ужива во луксузен животен стил, не може да се смета за вистински социјалдемократ. Тој го критикуваше Филипче за нејаснотиите околу неговиот имот и побара објаснување за начинот на кој тој стекнал такво богатство, вклучително и за добивањето „златна виза“ како инвеститор.

Димитриевски нагласи дека СДСМ, некогаш значајна партија, сега губи поддршка и членови, кои масовно преминуваат во ЗНАМ, препознавајќи ги вредностите на неговото движење, засновано на идеалите на Крушевската република и АСНОМ.

„Човек кој во себе нема никакви социјалдемократски вредности, бидејќи времето го поминува во луксуз, раскош на јахти и во скапи автомобили,“ рече Димитриевски за Филипче.

Тој додаде: „Во континуитет поддржан од неговиот политички гуру – Зоран Заев, не може да биде човек што ќе ја претствува социјалдемократијата. Истиот ниту знае со колкав имот располага, ниту може самиот становите да си ги преброи, па оставам на јавноста да процени дали тој е вистински социјалдемократ.“

Димитриевски го предизвика Филипче на ТВ дуел, повикувајќи го да избере време, место и новинари, па дури и да поведи публика. „Ете Венко, одважи се и излези да се соочиме, верувам дека ќе смогнеш храброст, ако сакаш поведи и публика со себе. Јас ќе дојдам сам,“ порача тој.

Најнови вести од: Македонија

Пумпите дадоа „зелено светло“ за поевтинување на горивата за 2, па и за 3 денари по литар

Економската фела, коментирајќи ги предлозите за привремено укинување или намалување на акцизите, велат станува збор за мерка која може да се разгледа, но со голема претпазливост. Искуствата на земјите од ЕУ велат дека таквата мерка покажала дека какво било привремено укинување на фискалните или на парафискалните давачки носи многу краткорочни резултати, кои на долг рок не се покажале доволно ефикасни.

Уставен суд: Со невистините за Законот за употреба на јазиците Пендаровски влијае врз сликата за правниот поредок и институционалниот интегритет на државата!

Реакција на Уставниот суд на Република Македонија во врска со изјавата на поранешниот претседател Стево Пендаровски во врска со предметот, во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците

Подарок кој ја слави вашата моќ: Во месецот на жената, изберете иновација која ве инспирира

Март, месецот во кој се слави жената е секогаш убаво потсетување дека заслужуваме нешта кои не само што ни го олеснуваат денот, туку и нè инспирираат да бидеме најдобрата верзија од себе.

ОМО „Илинден“ – Пирин: Стојан Георгиев-Томовичин го посвети сиот живот да победи правото да биде Македонец – 88 години од раѓањето

На денешен ден, на 18 март пред 88 години се роди Стојан Георгиев – Томовичин, една од најбележитите личности во поновата историја на Пиринска Македонија. Целиот свој живот го посвети, за да победи правото да биде Македонец, но и правата и достоинството на Македонците во Бугарија. Поради ова лежел двапати по 4 години во бугарските затвори во времето на комунизмот. Тој е еден од основачите на ОМО „Илинден“ во 1990 година и нејзин прв претседател. Ова го објави денес ОМО „Илинден“ – Пирин на својот официјален фејсбук-профил.

Ѓукановиќ од СНП: Бугарските стремежи кон Македонија можат да бидат дел од судир на Балканот!

Владимир Ѓукановиќ, дел од раководството на владејачката Српска напредна партија (СПП) предупредува на „можен судир на Балканот“ и „создавање воен сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана, на кој во одреден момент би можела да му се придружи и Бугарија со нејзините стремежи и амбиции за Македонија и југоисточна Србија, во зависност од тоа кој е на власт во Бугарија“.

Собранието го избра Ненад Савески како нов државен обвинител – Николоски истакна дека тој ќе треба да се избори за правдата во Македонија!

„На Македонија ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и постапување по случаите, кои ќе ја подобрат сликата за државата и обвинителско-правосудниот систем.“ – нагласи вицепремиерот Александар Николоски денес на собраниската седница пред да биде избран Ненад Савески како нов државен јавен обвинител, предложен од Владата. За него Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и, како што нагласи, без ниедна дамка во својата професионална кариера.

Најнови вести

To top