Македонија

Љутков: Ќе се распише нов тендер за изградба на Универзална сала

Наредната недела ќе го повториме тендерот, кажа министерот за култура според кој работата за завршување на обновата ќе се одолговлечи уште два месеци

 

Тендерот за изградба на новата Универзалната сала не поминал, информираше денеска министерот за култура, Зоран Љутков

Вакво известување, как што рече добил од Комисијата за жалби, зашто имало одредена жалба во однос на изведувачот.

„Според мене, тоа не е суштински проблем, но, како и да е, има известување од Комисијата.

Наредната недела ќе го повториме тендерот“, кажа Љутков и додаде дека работата за завршување на обновата ќе се одолговлечи уште два месеци.

Сепак, министерот смирува дека постапката ќе трае помалку, но веднаш ќе го распишат тендерот откако ќе поминат 10-те дена по известувањето на Комисијата за жалби. Љутков се надева дека до средината на јануари 2026 година ќе го имаат новиот изведувач на Универзална сала, пренесе Фокус.

За овој проект одвоени се 20 милиони евра, распределени во три години. За 2025 се наменети 15,958 милиони денари, 360 милиони денари за 2026 и за 2027 година 450 милиони денари.

Универзална сала се запали на 9 април лани, само еден месец откако продолжија градежните работи за нејзина реконструкција. Почна да се реновира кон крајот на мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов во 2021.

Со доаѓањето на Данела Арсовска на градоначалничката функција работите беа стопирани и две години ништо не се работеше.

Потоа со одлука на Владата, Министерството за култура ја презеде Универзална сала додека министерка беше Бисера Костадиновска-Стојчевска и се продолжи со реконструкцијата, која беше стопирана поради пожарот.

Откако ќе биде изградена, Универзална сала пак ќе премине во сопственост на Град Скопје.

Изградбата на Универзалната сала по системот „клуч на рака“ треба да заврши до крајот на 2027 и со тоа ќе биде во функција за проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028“.

Новата „Универзална“ ќе го задржи препознатливиот лик

Најнови вести од: Македонија

Двајца Д.М. (56) и К.М. (33), членови на ловечкото друштво од Неготино, од 2021-2025 проневериле 42 илјади евра од странски ловци!

ОВР Неготино до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Д.М.(56) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“ и против К.М.(33) од Неготино, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „несовесно работење во службата“, „уцена“ и „попречување на правдата“.

Бугарскиот весник „Мир“ во 1924: Македонците имаат македонска свест и чисто македонска психологија, одделна од српската и бугарската!

Во напис од 1924 година под наслов „Македонска свест“, весникот „Мир“, издаван во Бугарија, сведочи за јасна македонска етничка свест и македонската национална психологија – одделна од српската и бугарската националност.

Пандов:Убијците и силувачите на деца не заслужуваат доживотен затвор, треба да се врати смртната казна!

„Корумпиран полицаец треба да биде лоциран и избркан од работа. Во тој поглед има подобрување: имаме откриено затворски полицајци, што помагаат во шверц. За помалку од две години сме суспендирале сигурно над 30 затворски полицајци. Од нив дел се со обвиненија, а дел се веќе и осудени. Но има одредени затвори каде што тоа сѐ уште е голем проблем.“ – вели Александар Пандов, директорот на Управата за извршување на санкции, во интервју за порталот МКД.мк. Корупција, шверц, „затворски шерифи“ и систем што со години бил запуштен. Што се случува навистина зад решетките во македонските затвори?  Пандов отворено зборува за состојбите во македонските затвори, корупцијата, шверцот и предизвиците во ресоцијализацијата на осудените лица. Тој открива дека системот наследил сериозни проблеми, оти во затворите работеле и поранешни осуденици, но тврди дека тоа веќе го нема и дека се преземаат конкретни чекори за подобрување на затворскиот систем.

Мицкоски: Македонскиот идентитет повеќе нема да биде распродаван!

Следбенците на живковизмот во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија, кои сè уште се активни, како луѓето од опозицискиот СДСМ, кои мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание

To top