Македонија

Лош обид за измама на „Сејф сити“

Лишени од слобода две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки

На 13/14.02.2026 во периодот од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени соодветни мерки по претходно изготвен план за зајакнати активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје. При тоа извршени се проверки на идентитет на 24 лица, преглед на 17 лица и преглед на четири возила. За време на контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци, одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик.

Притоа лишени од слобода се двајца возачи, С.С. и М.А. кои управувале патнички возила “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 378 и 380 од Кривичниот законик, а констатиран е и еден прекршок по член 80 од Закон за оружје.

За време на контролата извршено е превентивно делување со постојани обиколки и во парк на територија на Капиштец, во близина на угостителски објект на бул. “Партизански одреди”, како и кај игралиштето наречено “Дрвен Град” поради секојдневното собирање на малолетни лица.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредниот период.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top