Македонија

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024, кога се родиле 16061 бебиња, од кои 8277 машки и 7784 женски

Топ 10 имиња за момчиња: покрај Лука, најпопуларни машки имиња се и Дамјан, Матеј, Марко, Михаил, Јаков, Давид, Јован, Петар и Матео. Топ 10 имиња за девојчиња: кај нив по Хана се Јана, Софија, Дуа, Ана, Јована, Миа, Мила, Сара и Бисера.

Лука и Хана се убедливо најчестите имиња што родителите во Македонија ги избирале за своите новороденчиња во текот на 2024 година. Според најновата публикација на Државниот завод за статистика, „Македонија во бројки 2025“, трендот на кратки и звучни имиња продолжува, но не изостануваат ниту традиционалните.

Статистиката вели дека минатата година во земјава се родиле вкупно 16.061 дете. Од нив момчињата се побројни – родени се 8.277 машки, наспроти 7.784 женски бебиња.

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

To top