Македонија

Луксузен хотел среде Скопје крадел струја

Против сопственикот е поднесена кривична пријава до Министерството за внатрешни работи за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување општа опасност од пожар

Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално приклучен на електромрежата, објави Електродистрибуција на социјалните мрежи

При редовна техничка контрола во станбена зграда која се наоѓа до хотелот, екипите на Електродистрибуција пронашле три нелегални и изгорени кабли, кои поради преголема оптовареност претставувале сериозен ризик од пожар. Каблите веднаш биле исклучени за да се спречи можен инцидент.

„За време на дополнителната контрола, нашите екипи утврдија дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли. Овој чин не само што претставува кражба на електрична енергија, туку создава и огромна опасност за животите и имотот на граѓаните“, објавија од Електродистрибуција на својата официјална страница на социјалните мрежи.

Случајот е целосно документиран и против сопственикот е поднесена кривична пријава до Министерството за внатрешни работи за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување општа опасност од пожар.

 

Најнови вести од: Македонија

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top