Македонија

Магистер по медицина и поранешен „лидер“ на „Христијанско братство“ осомничен за убиството на охриѓанецот Климе (ВИДЕО)

Засега Обвинителството во Охрид нема дадено дополнителни информации, но најави дека детали за случајот ќе бидат објавени подоцна.

Жарко Гроздановски од Брвеница е лицето уапсено под сомнение дека го убил 76-годишниот пензионер Климе Митрески во Охрид.

Двајцата се познавале од претходно, а според неофицијални информации од истрагата, Митрески склучил договор за доживотна издршка со Гроздановски.

Според првичните сознанија, токму овој договор е главната причина за убиството.

Согласно договорот, Гроздановски требало да се грижи за постариот охриѓанец, а по неговата смрт да го наследи неговиот имот.

Истрагата досега покажува дека Гроздановски го убил Митрески со цел побрзо да го преземе имотот.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Гроздановски досега бил гонет само за едно кривично дело – загрозување на сигурноста преку социјални мрежи.

Во минатото, Гроздановски во јавноста беше познат како „лидер“ на организацијата „Христијанско братство“. Тој беше апсен и во 2019 година, кога преку Фејсбук му се закануваше на тогашниот премиер Зоран Заев.

Во таа порака, меѓу другото, велеше: „Немој да ми чепкаш ни еден од моите браќа по вера… Двапати те пуштив… Јас сум Жарко Гроздановски. Момче, ти си предавник!“.

Од Министерството одговорија дека, според евиденциите на СВР Тетово, против него е евидентирано само едно кривично дело – „загрозување на сигурноста преку компјутерски систем“.

Нема записи за други кривични постапки или санкции со правосилен исход.

Гроздановски е семеен човек, татко на три деца. По образование е магистер на медицински науки и дипломиран дефектолог.

Од друга страна, Климе Митрески во 2018 година, при гостување во емисијата „Јади Бурек“, себеси се претстави како „Климе удбашот“ и „Климев конак“.

Тој тогаш изјави дека се занимавал со разни работи и во Македонија и во Австралија, а се претстави и како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Засега Обвинителството во Охрид нема дадено дополнителни информации, но најави дека детали за случајот ќе бидат објавени подоцна.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top