Македонија

Македонците се помалку зборуваат, но се повеќе сурфаат на интернет

Мобилната телефонија бележи благ пад, но интернет услугите и оптичките мрежи растат – покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации за првиот квартал од 2025 година.

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во Македонија во првиот квартал од 2025 година изнесува 1.941.996, што претставува намалување од 1,72 проценти во однос на последниот квартал од 2024 година, но зголемување од 0,62 проценти во споредба со истиот период лани. Според најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации, 1.588.395 претплатници имале пристап до интернет преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) заклучно со март годинава.

А1 и Македонски Телеком со најголем пазарен удел

Во структурата на пазарот според бројот на активни претплатници, А1 Македонија учествува со 47,69 проценти, додека Македонски Телеком има удел од 46,66 проценти. Зад нив следуваат МТЕЛ со 3,83 проценти, Телекабел со 1,34 проценти, Мтелмобајл со 0,38 проценти и Греен Мобиле со 0,10 проценти. Во период од една година, Македонски Телеком бележи благ раст од 0,09 процентуални поени, додека А1 Македонија има пад од 0,21 поен. Најголем раст има МТЕЛ со 2,75 процентуални поени. Кога се гледа пазарот според остварени приходи, Македонски Телеком доминира со 49,77 проценти, а А1 Македонија следи со 47,71 проценти.

Корисниците зборуваат помалку и испраќаат помалку пораки

Во првиот квартал од годинава, претплатниците во просек зборувале 226,57 минути месечно и иницирале 101,55 повици. Вкупниот сообраќај во минути бележи пад од 5,57 проценти во однос на претходниот квартал и пад од 3,13 проценти во споредба со првиот квартал од 2024 година. Испратените СМС-пораки се намалени за 12,56 проценти, додека ММС-пораките бележат раст од 1,99 проценти во однос на претходниот квартал.

Фиксната телефонија во континуиран пад

Во фиксната телефонија, во првиот квартал од 2025 година, претплатниците во просек иницирале 4,9 повици месечно и зборувале 11,18 минути. Бројот на фиксни линии е намален за 0,04 проценти во однос на последниот квартал од 2024 година, но зголемен за 1,69 проценти во споредба со истиот квартал лани. Вкупниот сообраќај преку фиксни линии бележи пад од 17,63 проценти на годишно ниво и пад од 6,67 проценти квартално, што потврдува дека интересот за фиксна телефонија продолжува да опаѓа.

Раст на интернет претплатниците и оптичките врски

Бројот на претплатници со пристап до интернет со широк опсег во првите три месеци од 2025 година изнесува 547.513, што е раст од 0,17 проценти во однос на претходниот квартал и раст од 2,27 проценти споредено со истиот квартал минатата година. Најголем дел од претплатниците, 38,15 проценти, користат оптичка мрежа, додека 22 проценти се приклучени преку кабелски оператори (CaTV). Следуваат xDSL корисници со 17,82 проценти, LAN мрежи со 4,02 проценти, радио врски со 1,29 проценти и изнајмени линии со 0,36 проценти.

Помал број претплатници на кабелска телевизија

Податоците на АЕК покажуваат дека заклучно со првиот квартал од 2025 година, во земјава имало 183.133 претплатници на кабелска телевизија, што претставува пад од 1,73 проценти во однос на претходниот квартал и намалување од 7,07 проценти во споредба со истиот квартал лани. Вкупниот број на претплатници на ТВ-услуги изнесува 439.061, од кои 181.915 користат IPTV, 38.465 користат DVB-T, а 35.548 сателитска телевизија.

Најнови вести од: Македонија

Како е можно во Македонија да опаѓа бројот на Македонци, а да расте бројот на Албанци?!

Според државните податоци на кои се повикува порталот, во Макдонија имало 16.061 родени и 20.201 починати, што означува природен пад на населението. Но, податоците по етничка припадност покажуваат значајни разлики меѓу двете најголеми заедници.

Темелко од „Преспа“ и Симонофски од „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ ги израдуваа со новогодишни пакетчиња Македончињата во општина Преспа

Македонските активисти Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“, и Елена Симонофски, претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, продолжуваат со распределба на новогодишни пакетчиња за Македончињата во Албанија, со цел, како што велат „да внесат радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците“. Денеска, на 27 декември 2025 година, тие им донесоа радост и насмевка на дечињата-Македончиња од селата Туминец и Горна Горица, од Општина Пустец.

ОМД до градоначалникот на Лерин: Цензурирањето на уметничкото и културното изразување врз основа на јазикот е кршење на основните човекови права

Обединетата македонска дијаспора со остра осуда за прекинот на изведбата на „Софка на татко“ на македонски јазик во Грција

Трет мобилен оператор официјално на почетокот од 2026

Заклучно со вториот квартал годинава, во државата се регистрирани 1.954.643 претплатници во мобилната телефонија, како и 457.763 фиксни линии. Пристап до интернет со широк опсег имаат 549.109 претплатници, а со широк и тесен опсег преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) – 1.615.040. Регистрирани се 441.523 претплатници на ТВ услуги.

To top