Македонија

Македонија подобра земја за пензионирање од Данска, Холандија, Норвешка, Финска, според списание од САД!

Водечкото американско бизнис списание CEOWorld ја класификува Македонија повисоко од три скандинавски земји и вкупно седум членки на Европската унија според тоа каде е подобро да се замине во пензија! На листата на 80 држави опфатени со меѓународно истражување спроведено во јануари и во март годинава со 126.000 учесници Македонија се најде на 56. место […]

Водечкото американско бизнис списание CEOWorld ја класификува Македонија повисоко од три скандинавски земји и вкупно седум членки на Европската унија според тоа каде е подобро да се замине во пензија!

На листата на 80 држави опфатени со меѓународно истражување спроведено во јануари и во март годинава со 126.000 учесници Македонија се најде на 56. место со 46,22 поени од можни 100.

Зад неа се Данска (57. место), Холандија (58.), Летонија (62.), Унгарија (66.), Норвешка (67.), Романија (68.), Финска (72.), Словачка (73.) итн.

На врвот на рангирањето е Нов Зеланд со 71,78 поени, втор е Луксембург, трета Швајцарија, а во топ-10 се уште Канада, Австралија, Шпанија, Португалија, Малта, Франција и Тајланд по тој редослед.

Од земјите во регионот Словенија е на 11. место, Грција е 20., Бугарија 36., Црна Гора 41., а Хрватска 55.

Истражувачите на CEOWorld собраа, анализираа и споредија 80 земји во 11 клучни категории за да го утврдат рангирањето. Овие категории вклучуваат: емигрантска заедница, можноста да се разбереш на англиски јазик, здравствена заштита, трошоци за живот, достапност, прифатливост на даноците, пријатна клима, леснотија на купување и поседување имот, барања за виза и престој, стабилност на владата и леснотија на асимилирање.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со намален ДДВ, граѓаните заштедуваат 1,6 милиони евра неделно за горива

Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Башановиќ бил посредник меѓу Заев и Ципрас?

Ова е првпат после долго време ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно да ги поврзе Башановиќ и Заев со конкретни обвинувања за посредништво во Преспанскиот договор, енергетски зделки и можни финансиски обврски, што најверојатно ќе ја заостри политичката реторика во периодот пред претстојните избори.

Торонто доби Канадско-македонска стопанска комора – платформа за претприемачи и соработка со Македонија

Во време кога македонската дијаспора сѐ појасно ја чувствува потребата од организирано економско поврзување и заеднички настап, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско – Македонската Стопанска Комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада.

To top