Македонија

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

Македонија скокна за 29 места на глобалниот индекс за сајбер-безбедност, со тоа држаните иституции стануваат побезбедни од надворешни напади. Подобрување има во сајбер-политиките, заштитата на личните податоци и борбата против компјутерскиот криминал. Земјава освои 84,17 од можни 100 поени, што претставува скок од 29 позиции во однос на претходното рангирање. Македонија е рангирана на 30 место меѓу 155 држави и територии, а целосни 100% има во шест од оценуваните области. Според Министерството за дигитална трансформација, резултатот ја вбројува Македонија меѓу државите со високо ниво на подготвеност за спречување и управување со сајбер-закани и инциденти.

  • „Скокот од 29 позиции е меѓународна потврда дека реформите што ги спроведуваме создаваат конкретни и мерливи резултати. Во изминатиот период воспоставивме појасна институционална одговорност, современа законска рамка и посилни механизми за заштита на критичната инфраструктура и за одговор на сајбер-инциденти. Овој резултат не е крајна цел, туку обврска да продолжиме уште поинтензивно да ја градиме сајбер-отпорноста на државата“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Оттаму додаваат дека подобрувањето се должи на донесувањето на Законот за безбедност и Стратегијата за сајбер-безбедност 2025-2028.

Од Министерството за дигитална трансформација, оценија дека напредокот претставува меѓународна потврда за спроведените реформи во законската рамка и институционалната координација, што значи дека сега се работи на многу повисоко ниво.

Во фокус останува зајакнување на дигиталната отпорност, заштитата на јавните услуги, личните податоци и критичната инфраструктура, како и на подобрување на капацитетите за реакција при сајбер-инциденти.

Најнови вести од: Македонија

В година нова авиолинија Дубаи – Скопје

Новата линија ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот, особено затоа што ќе функционира и во периодот надвор од летната туристичка сезона. Николоски соопшти и дека се разговара за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Како можни дестинации ги посочи Абу Даби и Шарџа.

Пензиите од октомври ќе бидат повисоки за три отсто

Усогласувањето на пензиите во Македонија ќе се реализира според законската формула утврдена во членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и ќе изнесува 3 отсто. Зголемените примања пензионерите ќе ги добијат на почетокот на октомври, бидејќи пензиите се исплаќаат за претходниот месец.

(Фото): „Мотоцентар“ ги претстави брендовите „Dunlop“ и „Falken“ – нова ера на супериорни перформанси и безбедност на патиштата

„Мотоцентар“ официјално ја презентираше соработката со водечкиот глобален производител на гуми “Sumitomo Rubber Industries“ (SRI). Во рамки на презентацијата која се одржа денес во хотелот “DoubleTree by Hilton“ во Скопје, беа претставени брендовите Dunlop и Falken.

To top