Македонија

Македонија земјата на Александар е толку убава, Грците збеснаа од газдата на ,,Бурџ Калифа”

Реторичко прашање на пребогатиот бизнисмен: Македонија е толку убава зарем не?

Еден од најбогатите луѓе на Блискиот Исток предизвика вознемир кај јужниот сосед откако објави за Грција вознемирувачки твит за Македонија.

Мохамед Али Алабар, еден од топ 10 најбогати луѓе во Овединетите Арапски Емирати по својата посета на Скопје објави дека Македонија е земја на Александар Велики.

Бизнисменот кој е сопственик на познатиот објект Бурџ Калифа и Дубаи Мол во објавата пишува за северна Македонија но во видеото објавено од него зборува за Македонија.

,,С. Македонија — земјата на Александар Велики. Нација со горда историја, обликувана од реки, планини и плодни долини, и дефинирана пред сè од топлината и гостопримството на својот народ”, пишува Али Алабар.

Видеото е снимено во Старата скопска чаршија каде тој е во прошетка.

Во краткото видео кое може да се види на линкот Али Алабар вели: Македонија е толку убава зарем не?

https://x.com/i/status/2004495282474791186

https://x.com/i/status/2004495282474791186

Најнови вести од: Македонија

Денеска во Косово ќе се официјализира Вреди како единствена партија – Ќе има два претседатела, Изет Меџити и Билал Касами

„Денеска во местото Преказ, во Косово, во домот на семејството Јашари, се очекува официјалното ракување на лидерите на коалицијата Вреди, што ќе и даде живот како една единствена партија. Концептот на Вреди како коалиција првично беше воспоставен кога влезе во политичката трка за парламентарните избори во Македонија во 2024 година.“ – објавија ТВ Алсат и информативната агенција Илирија-ИНА.

Менкиноски: Со скандалозна одлука Софија ми забранува 10-годишен влез, во обид да ме замолчи како правен застапник на Македонците во Бугарија пред ЕСЧП!

„Адвокатот Тони Менкиноски ќе одржи денес, на 7 март 2026 година, прес-конференција во врска со скандалозната одлука на официјална Софија за 10-годишна забрана за негов влез во Бугарија. Прес-конференцијата ќе се одржи во неговата адвокатска канцеларија во Скопје со почеток во  11 часот и 30 минути.“ – објави утринава Македонската информативна агенција – МИА.

Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

Најнови вести

To top