Македонија

Македонската правда под прашање: ВМРО-ДПМНЕ реагира на скандалот со Пешевска

ВМРО-ДПМНЕ издаде соопштение во кое тврди дека судството и обвинителството работат исклучиво под диктат на СДС и ДУИ, а правосудниот систем не е расположен да донесува пресуди во полза на обичните граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ издаде соопштение во кое тврди дека судството и обвинителството работат исклучиво под диктат на СДС и ДУИ, а правосудниот систем не е расположен да донесува пресуди во полза на обичните граѓани.

– За ова говори и последната судска одлука, онаа за докторката Мери Пешевска од Клиниката за онкологија и радиотерапија која е најблаго кажано скандалозна – се наведува во соопштението.

Партијата објаснува дека Пешевска, заедно со уште неколкумина од клиниката, е обвинета за несовесно лекување пациенти, со предвидена казна затвор до три години. На рочиштето минатата недела, Пешевска изјавила дека не е сигурна дали таа ја продолжувала терапијата за седум пациенти, бидејќи нејзиниот печат бил оставен на шалтерот за да не чекаат пациентите.

– Пешевска сакала демек пациентите да не чекаат, си го оставила печатот, а за последиците очигледно не размислувала ниту таа, а се покажува и дека Судот не е баш заинтересиран за судбината на пациентите – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Пешевска признала вина, а Судот и изрекол условна казна од две години, што значи дека таа е слободна доколку не стори ново кривично дело во тој период.

Докторката само призна вина, а Судот со леснотија речиси ја ослободи?! – реагираат од партијата, додавајќи дека оваа одлука е неправедна, произволна или под влијание на надворешни фактори, и дека судството е „маша на Венко Филипче и СДС“.

Ова судство само ја поткопува јавната доверба во правосудниот систем и претставува сериозно кршење на принципите на правдата, еднаквоста и владеењето на правото. Судството, воедно и обвинителството мора да се издигнат и да покажат дека постојат да им служат на граѓаните спроведувајќи закони, а не да служат на другарите на Зоран Заев, сега олицетворени во Филипче и уште неколкумина од раководството – завршува соопштението.

Основниот кривичен суд Скопје вчера и изрече условна казна затвор од две години на Мери Пешевска, која призна вина за несовесно лекување на седум пациенти, со цел да не се изврши доколку не стори ново дело во следните пет години. Пешевска е второобвинета во предметот „Онкологија“, каде првообвинет е поранешниот директор Никола Васев (кој не призна вина), заедно со уште двајца лекари: Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Обвинението се однесува на периодот кога печатот на Пешевска бил оставен на шалтерот за олеснување на процедурата, а судењето продолжува за останатите обвинети. Оваа одлука предизвикала реакции од опозицијата, но нема официјални коментари од судот или обвинителството за политички влијанија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нема решение без систем, а ни “С ” од систем без одговорност, реагира „Анима мунди“

Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ – испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран.

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

Мицкоски јасен: Местото на Македонија е во Европа

Македонија е жртва на булинг од земји членки кои го условуваат евроинтегративниот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека земјата не се вреднува според напредокот, туку според политички услови.

To top