Македонија Колумни

„Македонски свет“ заради духовно поврзување на Македонците, а Преспанскиот и “северна” како хартија за бришење…

Ниту грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, ниту нивниот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис не можат да им заповедаат на Македонците во државниот националниот, политичкиот и јавно-медиумскиот простор

Пишува: Свето Тоевски

Согласно со научната концепција на интегралниот македонизам на авторот на овој текст, потребно е воспоставување културнојазични и духовни врски меѓу Македонците од сите временски епохи и од сите простори на Македонија, меѓу Македонците од сета некогашна етнојазична територијаМакедонците од денешнината треба да им подадат рака на Македонците од антиката, за да им се вкрстат рацете со Македонците во иднинатаВрз основа на поставките на Крсте Мисирков „Македонскиот свет“ може и ќе мора да се оформи како еден вид нетериторијално духовно, јазично и културно поврзување на Македонците во Балканот, со цел да се барем делумно да се ублажат катастрофалните последици од „Букурешкиот договор“ од 1913 година, со кои се распарчи македонското национално тело.

На 23 јули грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис им упати наредба на македонските власти, но и на македонскиот народ, дека „ќе мораат целосно и стриктно, посветено и искрено да ги почитуваат и да ги користат Преспанскиот договор уставното име Северна Македонија“. Три дена по ова се наврши 99-годишнината од смртта на Крсте Мисирков, еден од основоположниците на автентичниот македонизам, кој почина на 26 јули 1926 година во Софија. Не случајно се воспоставува врска меѓу Герапетритис и Мисирков. Мисирков е роден во Постол, во Егејска Македонија и исто така и нему Грците на гробот му ставија „преспански печат“ дека „не бил Македонец“, зашто „немало Македонци ниту во Егејот ниту во Македонија. туку „северен народ“.

Министерот Герапетритис, кој е толку заангажиран да се запазува „Преспанскиот договор“, што е во директна смисла „Букурешки договор 2“,  треба да е запознат дека Македонците не оти мораат, туку навистина самите сакаат целосно и стриктно, посветено и искрено да ги употребуваат  Преспанскиот договор и „уставното име северна – како тоалетна хартија, што се користи за бришење на…

Ниту Мицотакис, ниту Герапетритис не можат да им заповедаат на Македонците во државниот националниот, политичкиот и јавно-медиумскиот простор на својата татковина Република Македонија да ја користат идентитетски геноцидната франкештајнска кованка „северна Македонија“. Отфрлањето на „северното уставно име“ претставува обврска на секој Македонец-политичар во Македонија, посебно на државно-политичкото раководство, со исклучок на домашните „трговци“ со името и македонскиот идентитет, кои ќе мора кога – тогаш да одговараат за ова велепредавство на татковината и нејзините државно-национални интереси.  

Мора да разберат, сакале- признале, или не, и Герапетритис и Мицотакис, дека Грција и Грците немаат никаква поврзаност со името Македонија и со ниеден аспект на македонскиот идентитет. Ова значи дека е целосна бесмислица дека Грција и Грците се „сопственици на името Македонија“. Ова се тврди, за да се оправда приграбувањето и загосподарувањето со територијата на Егејскиот дел на Македонија со геноцидниот Букурешки договор од 1913 година, кој катастрофално ги распарчи македонската интегрална етнојазична територија и националното ткиво на македонскиот народ. Македонците станаа непризнато и геноцидно истребувано национално малцинство на дотогашните сопствени прадедовски огништа и македонски родни простори.

Објективната светска наука аргументира дека Грција нема никаква врска ниту „сопствеништво“ над терминот Македонија

Во својот  научен труд „Кои беа и кои се Македонците“ од 1992 година Јуџин Борза, професор по античка историја од Државниот универзитет во Пенсилванија, Америка и водечки светски специјалист за античка Македонија, истакнува дека е јасно од подоцнежните историски извори оти македонскиот и грчкиот јазик биле заемно неразбирливи во дворот на Александар Велики и дека древните писатели ги сметале Грците и Македонците како два одделни и различни народа, чиј однос бил обележан со значителна антипатија, ако не и со целосно непријателство.

Во статијата „Јазикот на античките Македонци“ на монографијата „Македонија и односите со Грција“ на Македонската академија на науки и уметности од 2013 година се истакнува: „Денес во Грција се тргнува од една априорна поставка за ‘грчкиот идентитет на Македонија како историска очигледност’. Идентификувајќи ги Грците во етнички и јазичен поглед со античките Македонци, современиот грчки режим го обвинува ‘Скопје’ дека посегнало по името Македонија и по дел од културното наследство, кое им припаѓало наводно само на Грците. … Во грчката наука, во многу написи и книги, се премолчуваат историски факти, што ѝ противречат на тезата за ‘грчка Македонија’. Општопознато е дека класичногрчките автори не ги признавале Македонците како свои сонародници, ги нарекувале варвари и македонската доминација во Грција ја сметале како туѓа власт, увезена однадвор од другоплеменици (од allophyloi), како што вели Плутарх.“

„Грците од 5 век пред нашата ера ги признавале Македонците како етнос, што може различно да се идентификува и ги сметале како barbaroi (варвари – л.з).“ – констатира Роналд Артур Кросланд професор по грчки јазик и цивилизација од Шефилд универзитетот во Англија, во својата научна студија „Индоевропско потекло – јазичен доказ“ од 1982 година.

Професорката Билјана Ристовска-Јосифовска во својот научен труд „Македонскиот идентитет и историските проучувања“ од 2020 година нагласува дека во развојниот пат на изделувањето и на препознавањето на посебноста на македонскиот етнос се јавуваат неколку основни идентитетски детерминанти, од кои подеднакво значење имаат: територијата, името, јазикот, писменоста, фолклорот и традицијата. „Притоа територијата и името Македонија се јавуваат како непроменлива оска на градењето на македонскиот идентитет низ целата историја.“ – заклучува д-р Ристовска-Јосифовска.

Ова се само дел од клучните согледувања од повеќегодишните истражувања на авторот на оваа анализа во обемната светска научна литература за теоријата и праксата на идентитетот, антрополошката лингвистика и историјата на Македонија низ сиот нејзин временски континуум во трите илјадалетија од прапочетоците на македонската етногенеза (создавањето на македонскиот народ) и македонската лингвагенеза (создавањето на македонскиот јазик). Посебно треба да се запознае со овие вистински историско-научни факти за нејзината Грција и за нашата Македонија „гордата Македонка“ Афродити Латинопулу, европратеничката од Грција, која во расправата за извештајот за Македонија во Европскиот парламент кажа дека „таа била вистинската, горда Македонка, а не лажна како оние од Скопје“.

Латинопулу е грчка политичарка, основачка и лидерка на крајно десничарската политичка партија „Глас на разумот“, ама според кажаното многу повеќе ќе ѝ прилега да се означи како лидерка на Гласот на будалаштините и грчкиот противмакедонски шовинизам“.

Во „За македонцките работи“ Мисирков ги изнесе политичко-јазичните поставки за создавањето на Македонскиот свет

Врз основа на историските, национални и јазични факти за Македонија и македонскиот народ во својата монументална студија за македонизмот „За македонцките работи“, всушност, Крсте Мисирков ги изнесе основните поставки за создавањето на „Македонскиот свет“, термин кој го спомена и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, но во еден нешто поразличен денешен контекст. Пред 122 години Мисирков разви интегративистички метод за обединување на сите македонски дијалекти во единствен книжевен македонски јазик.

Поставувајќи го прашањето „Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична іединица?“ во својата знаменита студија за македонизмот „За македонцките работи“,  Мисирков со примена на истиот интегративистички метод и модел ги изложи политичко-јазичните поставки за создавањето на Македонскиот свет, сфатен како интегрален етнички, државен, политички, јазичен и духовен простор на македонскиот народ: за обединување на сите Македонци и сите три дела на Македонија – Вардарска, Пиринска и Егејска – во една самостојна македонска држава со еден народ македонски. Десет години подоцна овој идеолог на македонизмот доживеа  да види не обединување, туку катастрофално распарчување на македонското национално тело и на целовитоста на македонската етнојазична територија на три дела.

продолжува:

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со која било политичка партија во Република Македонија. Ставовите на авторот не се став на редакцијата на „Експрес“)

 

 

Најнови вести од: Македонија Колумни

АА на Села се раздели од НАИ и Али Ахмети, но ќе дејствува во опозиција „за албанската кауза“

Во својата вест „Зијадин Села ги раздели патиштата од Али Ахмети и Националната алијанса за интеграција“ информативниот портал „Тетова сот“ објави: „Алијансата за Албанците на Зијадин Села, исто така, соопшти дека ‘останува силен опозициски глас на Албанците“ и оти ќе одржува комуникација со албанските опозициски субјекти.“

Македонија има повеќе обвинители од ЕУ-земји како Германија, Франција, Италија, Белгија и Финска

Во Извештајот на Советот на Јавни обвинители на Македонија за работата на јавните обвинителства во 2024 година, спред правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во јавното обвинителство, предвидени се 1.126, од кои пополнети биле 371 место. Со ова, во Македонија на 100 илјади жители имало 20,1 јавнообвинителски службеници, додека според извештајот на Европската комисија за ефикасност на правдата за правосудните системи од 2024, во 2022 просекот во ЕУ изнесува 14,7 обвинители.

Мицкоски: Граѓаните акламативно мислат дека Коцевски не работи добро, исто и јас – треба да се смени

„Јавниот обвинител Љупчо Коцевски треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Мицкоски: СДСМ нема кредибилитет и води некрофилска политика за трагедијата во Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва порача дека судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани мора да се одвива целосно независно и без политички притисок, иако, за жал, некои политички партии се обидуваат да ја искористат болката на семејствата за да градат сопствена кариера.

Првото читање помина: Ќе се даночат и најевтините пакети од Тему и АлиЕкспрес

Собранието денеска го изгласа во прво читање Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност, со кој се укинува досегашното ослободување од ДДВ за комерцијални пратки со мала вредност од странство, вклучувајќи ги и најевтините пакети од „Тему“, „АлиЕкспрес“

„Cloudflare“ се врати во нормална

Голем прекин во работењето на интернет-инфраструктурниот гигант „Cloudflare“ предизвика блокада на пристапот до голем број популарни веб-страници низ светот, меѓу кои и платформата „Чет ГПТ“ (ChatGPT) и социјалната мрежа Икс (порано Твитер).

Бране Петрушевски со јавен повик до колегите од Левица

Пратеникот Бране Петрушевски јавно ги повика своите колеги, студентите-пратеници Амар Мециновиќ и Борислав Крмов, да аплицираат на владиниот повик за ваучери од 15.300 денари наменети за набавка на електронска опрема.

To top