Македонија

Македонски Телеком спонзорира елитни собири а нема пари за поддршка на столбовите на македонскиот идентитет

Македонски Телеком има пари за елитистички приватни спортски забави а нема за проекти на кои почива македонскиот национален идентитет

Во време кога македонската култура се соочува со сериозни финансиски предизвици, менаџерските одлуки на најголемите корпоративни гиганти во земјата сè почесто отвораат прашања за нивните приоритети и искрената посветеност кон општеството.

Најновиот пример со Македонски Телеком и нивната селективна поддршка на настани бранува дел од јавноста, наметнувајќи ја дилемата: дали профитот и елитистичкиот маркетинг целосно ги истиснаа вистинските столбови на македонскиот национален идентитет?

Изминативе денови, Телеком со силна медиумска помпа и ресурси за пренос во живо застана зад организацијата на аматерскиот тениски турнир „Mavrovo Open“. Иако настанот има хуманитарен предзнак и благородна цел за обнова на локално училиште, што само по себе е за поздравување, сепак боде во очи фактот што значајни буџети се насочуваат кон спорт кој историски важи за „елитен“, наменет за бизнис елитата и рекреативците со подлабок џеб.

Од друга страна, додека се инвестира во шампањ-атмосферата на тениските терени во Маврови Анови, клучните културни институции кои го дефинираат македонскиот бит со децении, како што е националниот фестивал Охридско лето, се игнорирани од Македонски Телеком и да не беше А1 Македонија со својата корпоративна но и национална одговорност Охрид годинава можеше да биде само сенка на некогашната манифестација.

Охридско лето не е само обична летна манифестација. Тоа е сцената на која се градеше македонската културна дипломатија, местото каде што светските виртуози се поклонуваа пред македонската публика во Света Софија и Античкиот театар. Тоа е бренд кој го чува нашиот идентитет на светската мапа. Но, за Телеком, се чини, овој културен столб, за разлика од мавровскиот елитен турнир веќе нема доволна „маркетиншка привлечност“ за да го заслужи нивното стратешко партнерство.

Експертите по односи со јавност кои инсистираат на анонимност од страв дека ќе бидат ставени на црната листа на Македонски телеком со право прашуваат: Дали станува збор за двојни стандарди?

Како е можно компанија која профитира од секое македонско семејство преку сметките за интернет и телефонија, да има пари за ексклузивни аматерски спортски дружења, а да нема слух за врвната култура која нè одржува како народ?

Општествената одговорност на големите компании не смее да биде само параван за дружење на бизнис-елитите и собирање брзи лајкови на социјалните мрежи. Таа мора да има стратешка тежина. Поддршката на аматерскиот спорт е корисна, но кога таа се случува на сметка на долгогодишното игнорирање на културното наследство, тогаш тоа не е филантропија, туку корпоративен парадокс.

Време е Македонски Телеком, но и останатите големи инвеститори, да ги преиспитаат своите приоритети. Македонскиот идентитет се брани таму каде што се создава вредност, на сцените на Охридско лето, во театрите и галериите. Сè останато е само краткотрајна забава на менаџментот н Телеком на чело со црногорскиот директор Горан Марковиќ за кој од компанијата не открија кога и дали конечно се вратил на работа по долгото отсуство кое предизвика бес кај вработените.

Поврзани вести

Револт во Телеком: Директорот со 20 илјади евра плата цел месец не дошол на работа

Како Македонски Телеком (не)свесно го урива македонскиот идентитет – Колумна

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top