Колумни

Како Македонски Телеком (не)свесно го урива македонскиот идентитет – Колумна

Културна слепило или корпоративна неодговорност? А1 Македонија го спасува „Охридско лето“ од баханалиите на Македонски Телеком

Веќе втора година, по повеќе од три децении успешно партнерство, Македонски Телеком е без финансиско и партнерското учество во „Охридско лето“, најзначајната и најтрајната македонска културна манифестација со 66-годишна традиција.

Овој потег предизвика загриженост кај културната јавност, особено во моменти кога фестивалот со успех продолжува да ја промовира македонската култура и идентитет на меѓународната сцена.

На местото на долгогодишниот партнер влезе А1 Македонија, која веќе втора година по ред го поддржува фестивалот, градејќи „културна врска“ со традицијата, македонските автори и уметници. Компанијата ја нагласува својата посветеност на вредностите што траат и инспирираат низ генерации, со што ја презема улогата на еден од главните поддржувачи на настанот што Охрид го претвора во сцена на врвна музика, театар и уметност.

Долгогодишно пријателство кое заврши со разочарување

Македонски Телеком беше горд на своето повеќедецениско пријателство со „Охридско лето“, истакнувајќи дека фестивалот е еден од најголемите промотори на националната култура. Во минатото, компанијата се претставуваше како најголем и најзначаен партнер, кој ја согледува целосната вредност на манифестацијата за земјата. Соработката се протегаше низ десетлетија, со заеднички настани, работилници и промоции.

Меѓутоа, лани соработката заврши со драматично намалување на средствата. Според извори блиски до организацијата, поддршката од „националниот телеком“ падна на ниво кое е далеку под очекувањата и потребите за еден ваков комплексен меѓународен фестивал. Ова не е само финансиски удар за „Охридско лето“ – тоа е удар врз симболот на македонската културна традиција.

Отсуство на општествена одговорност

Во време кога компаниите се обидуваат да градат имиџ преку општествена одговорност, повлекувањето на Македонски Телеком од „Охридско лето“ поставува сериозни прашања за нивните приоритети. Додека Телеком продолжува да инвестира во различни проекти – некои од нив спорни или сомнителни од аспект на долгорочна општествена вредност – отсуството од најпрестижната национална културна манифестација е повеќе од очигледно.

„Охридско лето“ не е обичен фестивал. Тоа е национална промоција на Македонија, на нејзината култура, историја и идентитет. Настаните во античкиот театар, црквата „Св. Софија“ и другите сцени привлекуваат уметници и публика од целиот свет, ја зајакнуваат туристичката понуда на Охрид (дел од УНЕСКО) и ја афирмираат македонската уметност глобално. Отсуството на „националниот телеком“ од ваква платформа испраќа порака дека компанијата не ги препознава или не ги цени овие стратешки важни вредности.

Оваа одлука не го навредува само фестивалот со 66-годишна традиција, туку и целата македонска културна сцена. Во услови на ограничени државни средства за култура, улогата на големите компании е клучна. Намалувањето на поддршката покажува дека Телеком, и покрај својата позиција на пазарот, не размислува доволно за долгорочниот придонес кон националниот идентитет и духовното богатство.

Јавноста реагира

Културните работници, уметници и граѓани изразуваат разочарување од одлуката на Македонски Телеком. Многумина потсетуваат дека вистинската општествена одговорност не се мери со спонзорирање на популарни, но минувачки проекти, туку со поддршка на институции и манифестации кои ја градат идентитетската слика на нацијата.

„Охридско лето“ продолжува и оваа година под покровителство на претседателката на државата, со богата програма која вклучува оперски гала, театарски премиери, меѓународни оркестри и домашни уметници. Фестивалот останува жив и покрај финансиските предизвици, но прашањето останува: зошто националниот телекомуникациски оператор не е дел од најважната културна приказна на Македонија?

Дали антимакедонската корпоративна политика на Македонски телеком е резултат на личните и бизнис афинитети на генералниот директор Горан Марковиќ кој нема ништо против поддршка на српските бендови а не го поддржува Охридско лето е прашање на кое треба да одговори Марковиќ и неговиот тим но факт е дека овој однос е срамен за Македонија. За бизнис конекциите на Марковиќ со српски фирми ќе пишувам дополнително.

Апсурдно е компанијата да има историја на поддршка на на популарни српски изведувачи и други регионални ѕвезди што ја отвара дилемата дали Марковиќ освен бизнис има и друга агенда кога удира на Охридско лето како врвен македонски национален проект.

Телеком често се појавува како спонзор или официјален партнер на концерти во Скопје (Борис Трајковски, Арена, или отворени простори), особено за комерцијално успешни регионални турнеи.

Српската фолк/поп/рок сцена има голема публика во Македонија, и сигурно тоа е дел од нивната маркетинг стратегија но кога се работи за „Охридско лето“ мора да постои постои јасна разлика во приоритетите.

Недозволиво е класичната култура и „Охридско лето“ како висока уметност и дел од националниот идентитет да нема поддршка а комерцијалните поп/рок концерти вклучувајќи српски изведувачи, да имаат редовна и видлива поддршка.

Не сум истражил детално но можам да се кладам на слепо дека Српскиот телеком во Белград не дал ни денар за македонски бендови.

А1 Македонија – новата културна врска

Времето ќе покаже дали повлекувањето на Телеком е привремено или стратешко откажување од културните приоритети. Засега, „Охридско лето“ добива нов партнер во А1 Македонија, кој со своите постапки покажува дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината.

За разлика од повлекувањето на Телеком, А1 Македонија ја покажува вистинската содржина на општествената одговорност. Компанијата не само што ја презема поддршката, туку активно промовира македонски автори, соработува со Националниот џез оркестар и други институции, и ја позиционира својата поддршка како инвестиција во вредности што траат. Ова е пример како корпоративниот сектор може да биде вистински партнер на културата, а не само спонзор на хартија.

Колумна на Александар Георгиевски

Најнови вести од: Колумни

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

Македонското научно-литературно другарство од 1902 – моќниот гласник на македонската вистина во Европа и светот (1)

„Словеномакедонското национално-просветно друштво ‘Св. Кирил и Методија’ има цел да го помага духовното преродување и обединување на Македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување.“ – се наведува во член 1 на во Уставот на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД), основано на денешен ден, на 28 октомври 1902 година во тогашен Санкт Петербург, во Русија. Активностите на Македонското научно-литературно другарство на Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и другите македонски национални дејци, собрани во него, имаат огромно, немерливо значење за македонскиот народ и Македонија, бидејќи уште пред повеќе од еден век многу јасно и многу силно ги претставуваа и ги заштитуваа македонските национални и државни интереси пред агресивните балкански држави и нивните поддржувачи – големите европски сили. МНЛД им укажа на Европа и светот уште пред 122 години дека постои еден народ во Балканот со своја македонска самосвест, кој се бори за правото сам да ја кове својата судбина, без никој да господари со него. Вонвременските пораки на на ова македонско интелектуално Другарство одекнуваат со сета сила и актуелност и денес, во овие сложени геополитички и меѓународни моменти, во кои се втурнати македонскиот народ и Македонија.

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ добива веднаш меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески и американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик. Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top