Македонија

Стопанската комора бара посебен статус за транспортерите – нивно изземање од шенгенските ограничувања

Посебен статус за професионалните возачи и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите предлага Стопанската комора како решение за проблемот со македонските транспортери.

Изземање на професионалните возачи од шенгенските ограничувања што важат за туристите, и трајно решавање на проблемот со транспортерите, бара бизнис-секторот. Според координаторот за меѓународна соработка во Стопанската Комора, предлогот би бил паралелен механизам на билатералните визи.

  • Возачите се соочуваат со неодржлива административна пречка. Стоката не се движи сама. Ова не е миграциско прашање, туку е прашање на опстанок на европските синџири на снабдување. Вкупно 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Не е логично возачите кои ја сервисираат европската индустрија да се третираат со истите 90-дневни шенгенски ограничувања како туристите. Преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и работните средби со Европската комисија, на средбата на бизнис-платформата на КИФ ќе имаме висок претставник од Европската комисија. Таму бараме посебен статус, што значи изземање за професионалните возачи како мобилни економски работници од витален интерес, што би било паралелно со користењето на билатералните механизми, оние долгорочни визи од типот Д со земјите членки. Ние нудиме паралелен механизам на билатералните визи. Онака КИФ се залага, рече Матракоски на прес-конференција.

Стопанството алармира дека бариерите за превозниците ќе се тема и на претстојниот состанокот на министрите за економија од регионот, што за два дена ќе се одржи во Цетиње.

  • Тоа е значајна можност гласот на целото регионално стопанство без никакви посредници да биде директно соочен и разгледан од страна на ресорните министри и високите претставници на Европската комисија.

Претходно, транспортерите протестираат пред Делегацијата на ЕУ во Скопје, барајќи решение за престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Од Владата рекоа дека имаат целосно разбирање за предизвикот со кој се соочуваат македонските превозници и дека континуирано се работи на изнаоѓање конкретни и трајни решенија.

Од Стопанската комора најавуваат дека повторно ќе побараат отстранување на административните пречки во трговијата, проширување на зелените коридори, меѓусебно признавање на трговската и фитосанитарната документација и забрзано приближување на компаниите од регионот до единствениот европски пазар. Во Будва, паралелно со состанокот на министрите, ќе се одржи и состанокот на бизнис-платформата ЕУ-Западен Балкан. На него ќе се разговара за конкретните нетарифни бариери, застојот на границите, признавањето на фитосанитарните сертификати и подготвеноста на компаниите за европските регулативи.

Како приоритети, КИФ ги издвојува поголемото вклучување на домашните фабрики во синџирите на снабдување, поттикнувањето на меѓусебните инвестиции, обуката и вработувањето домашни кадри и воспоставувањето директен оперативен дијалог со Европската комисија за побрзо отстранување на трговските бариери.

Најнови вести од: Македонија

Мисирков во 1903: Македонците да имаат свое македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Во поновата македонската национална и политичка историја ова е еден од датумите кога идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг Мисирков се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

Западнонилската треска однесе живот и на 70-годишен пациент на Инфективната клиника во Скопје

Уште еден пациент со западнонилска треска во текот на викендот почина на Клиниката за инфективни болести. Се работи за 70-годишен пациент од Аеродром, кој имал повеќе заболувања. На Клиниката се хоспитализирани седум пациенти, од кои двајца се со потешка клиничка слика, изјави денеска директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.

Акција на МВР и АНБ: Во Скопје приведени повеќе лица, поради сомнение за тероризам

На повеќе локации во Скопје во тек е полициско-безбедносна акција во која се приведени повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Политико“: „Патокази“ од ЕУ и забрзување на влезот на Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора, не и на Македонија!

Нов преседан на Брисел. Европската Унија првпат планира да одреди целни датуми за завршување на клучните фази од преговорите за пристапување со Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, изјавија функционери од Брисел за европскиот аналитички магазин „Политико“. За Македонија нема ниту патокази, ниту сигнали за придвижување на нејзиниот евроинтеграциски процес, ниту ништо!

Сиљановска-Давкова на Салцбург самит: По 21 година кандидати и 17 позитивни извештаи на потег е ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“

ДУИ: Долгот на Општина Тетово изнесува 31 милион евра

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, го започна својот прв мандат кон крајот на 2021 година; во тоа време, тој изјави дека вкупниот долг на општината – вклучувајќи го и долгот на јавните претпријатија и училиштата – изнесувал приближно 24 милиони евра

Најнови вести

To top