Македонија

Македонскиот пасош на 42. место во светот – Во првите 10 не е ниту Американскиот

Првпат во 20-годишната историја на Henley Passport Index, американскиот пасош испадна од листата на топ 10 најмоќни пасоши во светот

Првпат во 20-годишната историја на Henley Passport Index, американскиот пасош испадна од листата на топ 10 најмоќни пасоши во светот, а Македонија се најде на 42. место, со безвизен пристап до 129 дестинации низ светот.

Индексот ја мери „моќта“ на пасошите според бројот на земји во кои нивните државјани можат да патуваат без виза.

Според најновите податоци, Сингапур го предводи списокот со 193 дестинации без виза, по него следат Јужна Кореја со 190 и Јапонија со 189.

Во регионот, Хрватска и Словенија стојат највисоко – двете се на осмо место, со можност за патување без виза во 184 земји. Србија е на 36. место со 137 дестинации, Црна Гора на 43. место со 128, а Босна и Херцеговина на 47. место со 122.

Иако Македонија бележи стабилна позиција на индексот, експертите укажуваат дека напредокот на земјата во иднина ќе зависи од продлабочувањето на меѓународните односи и потпишувањето нови билатерални договори за визна либерализација.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за два, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top