Македонија

Македонските државјани од јуни уште потешко до азил во ЕУ

Македонија е на списокот безбедни земји, за чии граѓани ќе бидат дополнително отежнати условите за „засолнување“ во Унијата

Од јуни ќе стапи на сила новаѕа миграциска политика на Европската унија, со која македонските баратели уште потешко ќе добиваат на азил.

Европскиот парламент го прифати предлогот за воведување список на безбедни држави, со кој ќе се забрзаат процедурите и ќе заострат критериумите за добивање азил за нивните државјани.

Покрај Македонија, на списокот, кој редовно ќе се ревидира, се и другите кандидатки за членство во Унијата, како и Бангладеш, Колумбија, Египет, Косово, Индија, Мароко и Тунис.

Според Европската комисија, новите правила ќе го зајакнат системот за азил и ќе го направат процесуирањето на барањата побрзо и поефикасно. Барањата за азил ќе се сметаат за неприфатливи доколку се утврди дека лицата кои го поднеле барањето, можеле да добијат азил и во друга земја што е безбедна за нив.

Според новите правила, секое лице кое бара азил ќе може да биде депортирано во земја надвор од ЕУ, дури и ако само поминало низ неа.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top