Македонија

Македонските граѓани позадоволни од својата финансиска состојба од Бугарите

Од 36 европски држави опфатени од Евростат, Македонија подобро стои и од Турција, Албанија и Црна Гора

Државјаните на Македонија се позадоволни од својата финансиска состојба од членката на Европската унија, Бугарија, како и од кандидатките за членство Турција, Албанија и Црна Гора, покажува истражувањето на Евростат спроведено во 36 европски држави.

Со средна оценка 5,1 од можните варијабли од 0 до 10, македонските граѓани изразиле поголемо задоволство од сопствената состојба во однос на финансиите од Бугарите, кои се себеоцениле со 4,6, Турците со 4,7, Албанците со 4,8 и Црногорците со 4,9, а тука некаде се и Србите со 5,2 и Грците со 5,3.

Најзадоволни во Ервопа се Холанѓаните и Финците, кои својата финансиска состојба ја оцениле со средна оценка 7,6, потоа Швајцарците со 7,5, Норвежаните и Швеѓаните со по 7,4, Австријците со 7,3, Исланѓаните со 7,2, а во топ-10 се уште Белгијците, Данците и Британците со по 7,1.

Од петте најголеми економии во Европа најмалку задоволни од парите со кои располагаат се Шпанците со 6средна оценка 6,3 и Французите со 6,4.

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

To top