Македонија

Македонците во Австралија во војна со градот Мелбурн за ,,Сонцето од Кутлеш”

Македонците жртви на расизам и дискриминација во , ,модерна демократска” држава

Македонците во Австралија почнуваат правна војна со градските власти на Мелбурн околу употребата на знамиња со ,,Сонцето од Кутлеш”.

Војната почнува откако градот Мелбурн забранил знамето со ,,Сонцето од Кутлеш” да биде користено за време на локален фестивал.

Според Советот на Македонските заедници на Австралија се работи за расистичка одлука против Македонците.

Во писмо до Комитетот за фестивалот Мумба на градот Мелбурн се упатува жалба за нивната ,,необјаснива и расистичка одлука да им забранат на групите од Македонската заедница кои учествуваат на фестивалот Мумба да го прикажуваат нашиот најзначаен национален симбол, нашето 16-крако Македонско Сонце од Кутлеш”

Во жалбата се додава дека со овој симбол, кое некои групи го нарекуваат и Ѕвезда од Вергина, Македонците парадирале повеќе од 30 години без никакви проблеми.

,,За жал, градот Мелбурн одлучи да ги игнорира нашите барања за поништување на оваа неправедна и дискриминаторска одлука користејќи слаб изговор за „културна чувствителност околу некои културни или регионални дизајни на знамиња“.
Ова е расистички и дискриминаторски чин за задоволување на каприците на една злобна и незнаечка група која продолжува да го негира самото постоење на Македонската етничка припадност, јазик, историја и култура, чии мислења се далеку од основните начела на мултикултурализмот на самоидентификација, меѓусебно почитување и толеранција”, се вели во писмото.

Според Советот на македонските заедници вк Австралија мултикултурализмот во Австралија треба да биде за сите групи на заедницата да уживаат и да го споделуваат, а не само за неколкумина избрани.

,,На австралиските Македонци им е доста од оваа нетрпеливост и предрасуди и ние ќе бараме правна заштита за оваа неправда”, стои во писмото кое е потпишано од Крис Ангелков претседавач со Советот на македонските заедници во Австралија.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top